И за оваа жена годините се само бројка
Не дека почетокот на петтата деценија не се најдобрите години во животот, но ретко кој успева на оваа возраст да изгледа олку добро како што тоа е случај со неа.
Имено, Јелена Карлеуша нема проблем да се соблече во оскудни парчиња и да го покаже секој дел од своето тело на социјалните мрежи. И што е најинтересно – кога и да го направи тоа таа ќе издоминира, и ќе направи таков хаос на социјалните мрежи што сите ќе зборуваат за тоа.
Впрочем така беше и овој пат кога позираше во високи потпетици и црни ремени под „позадината“ и колковите додека на главата носеше качкет.
https://www.instagram.com/p/B6DuCR3hX6I/?utm_source=ig_embed
Таа излезе на терасата, а потоа во кадарот во преден план ги покажа своите облини и ги фрли сите во транс.
Фотографиите се направени во еден хотел во прекрасниот Дубровник, а за сега не е познато кој ја имаше таа чест да ја фотографира во едно вакво опасно издание.