Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша на Инстаграм постојано се фали со скапоцена облека – колку месечно заработува пејачката, па троши толку многу?

Реклама

Карлеуша на Инстаграм често се фали со своите скапоцени парчиња облека и обувки кои се според последните трендови.

Но многумина се прашуваат како од својата месечна заработка пејачката успева да си го дозволи сето тоа?!

Маркетинг

Од она што можеме да го прочитаме во медиумите, се шпекулира дека за еден настап заработува од 7000 до 10.000 евра. Доколку ја земеме најголемата цифра, тогаш Јелена месечно најмногу би можела да инкасира од 30000 до 40000 евра. Имено, таа преку летниот период редовно настапува, впрочем како и сите други пејачки. Но затоа анализиравме колку настапи имала во другите месеци, па од нејзиниот Фејсбук дојдовме до заклучокот дека месечно во просек има од три до четири настапи. Од тука можеме да претпоставиме дека Карлеуша просечно во еден месец би можела да заработува од 20 до 30000 евра. И ако 30.0000 евра е некој просек на месечно ниво, тогаш годишно (само од настапи!) Карлеуша заработува нешто помалку од половина милион евра, што и не е така мала сума, нели?

Од друга страна, нејзиниот сопруг Душко Тожиќ додека беше успешен фудбалер во Турција заработуваше 1. 250.000 евра по сезона. Но за две и пол годишниот договор со клубот од Кина сопругот на Карлеуша ќе добие вкупно 14.5 милиони евра. Според информации од турските медиуми, Бешикташ заработи 5 милиони од неговата продажба на Кинезите за кои парите очигледно не се никаков проблем.

Маркетинг

Според овој договор Душко би требало да заработува околу шест милиони по сезона или околу половина милион месечно.

Не звучи лошо, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button