Карлеуша му купи инвалидска количка на Алфи, масакрираното кученце што пејачката го спаси
Погледнете како кученцето ужива во дворот на пејачката
Кученцето преживеало вистинска тортура – масакрирани му се двете нозе, како и опашката, пишуваат медиумите.
Балканската поп-дива Јелена Калруеша реши да му помогне на кученцето Алфи кое засекогаш ќе и биде благодарно.
Познато е дека пејачката ги сака животните и постојано апелира луѓето да се грижат за нив.
Таа неодамна вдоми куче, на кое му беа масакрирани и двете нозе, за кого се погрижи за да му обезбеди поквалитетен живот.
Таа му нарача специјална инвалидска количка за кучиња, но требаше да се направ и специјална интервенција во Лондон за него.
Пејачката сега објави видео од кученцето, на кое му го даде името Алфа, кое сега ужива во неверојатниот третман.
Имено, Алфи најпрво си доби спа третман, па уживаше во капењето, како и во масажата, а си ја проба и новата количка.
Инаку, станува збор за кученце на кое и двете предни шепи му беа ампутирани, а за кое сопственикот не сакаше да се грижи.
Пејачката реши целосно да ја преземе грижата за него и како што самата изјави во една пригода, сега Алфи ги има сите пари на овој свет.
Таа му ја дава сета потребна нега, ги има најдобрите ветеринари, храна и сите останати услови што му требаат на едно куче.
„Му нарачав и количка за кучиња инвалиди. За сега му се прават тркалата. Кога раните добро е му зараснат, ќе се обидеме со нова техника за еден вид импланти кои би се вградиле во зглобовите на рамењата… под услов, телото да не ги исфрли. Експериментална метода во Лондон“ напиша Јелена неодамна на својот Инстаграм, па го додаде и следново:
„Сите кои се јавуваат да помогнат, без грижа, покрај мене кученцето има сé“, напиша Карлеуша тогаш на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм