Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша краде од Брена?

Реклама

Неверојатна сличност, а поминале повеќе од три децении

Многумина изненадени од ваквиот идентичен модел

Маркетинг

Пред неколку дена Јелена Карлеуша на снимањето на една емисија во студиото на Ѕвездите на Гранд се појави во мини фустан со кој ги воодушеви сите.

Во прашање е светкава деколтирана тоалета со ¾ ракави и кусо здолниште со кое Карлеуша го истакна секој милиметар од своето убаво тело.

Маркетинг

Во прашање беше уште едно мега-спектакуларно издание на познатата пејачка, но како што забележа еден корисник на Твитер, многу сличен модел носеше и легендарната Лепа Брена и тоа пред повеќе од три децении.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Имено, познатата пејачка се појави во вакво издание во 1989 година, кога во популарната музичка емисија „Диско фолк“ пат ја испеа една од своите најпознати песни.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Брена за разлика од Карлеуша носеше кратка јакна преку фустанот, но изгледот е потполно идентичен што можете да видите и во продолжение.

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Бракот на Јелена

Инаку, по бројните пишувања за наводниот развод од Душко Тошиќ, по 11 години брак и две ќерки, Јелена неодамна го изјави следново:

„Па во кој би била вљубена, ако не во сопругот. Јас сум омажена жена и засекогаш вљубена во својот маж.“

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Но тоа што е засекогаш вљубена не значи дека ќе престане да го прави она што најдобро го знае заради љубовта.

Имено, таа обожава да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, иако тоа му пречи на Душко.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Таа во една пригода беше многу искрена, па изјави:

„Тој ми вели дека постојано се сликам гола и дека тоа повеќе нема никаква смисла. Не го сака тоа едноставно. Ме прашува до кога ќе го правам тоа, а јас му велам дека не се оженил со домаќинка, туку со Јелена Карлеуша“.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Таа неодамна се отвори и искрено зборуваше и за својот најтежок период од животот – губењето на мајката Дивна.

Оваа година бев силна, но следната сакам да бидам среќна. Ја изгубив мајка ми, која ми беше се во животот. Полека закрепнувам и време е да тргнам понатаму, онака како што и таа би сакала, изјави Карлеуша за „Информер“.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Тешко е да се продолжи животот по таквата жена, која ми беше мајка, пријателка, и најголема поддршка, но секој ден во себе ги слушам нејзините зборови кои ми даваат сила – беше искрена и емотивна Јелена.

„Ова е првата Нова година што ќе ја поминам без неа. Таа сега е мојот ангел и ме штити од зло, затоа и ова е ангелска декорација“ изјави тогаш Јелена за новогодишната декорација во нејзиниот дом.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button