Карлеуша и Марија со бpyтaлни зборови го коментираа пеењето на МАКЕДОНКАТА што настапи во Ѕвездите на Гранд
На мене ова ми звучеше како мачки кога се парат – жирито жестоко ја искритикува нашата кандидатка.
Имено, во еден од вчерашните дуели на овој популарен музички натпревар се претставија Алмин Селимовиќ (25) од Босна и Херцеговина и убавата дваесетгодишна битолчанка Сара Ристеска. Сара настапи со песните „Океани“ и „Тешко без тебе“, но претставниците на жирито воопшто не беа задоволни од нејзиниот настап во шоуто.
„Не лути се, но мене ова ми звучење како да се парат мачки. Имаш талент, но сенешто мора да работиш за да бидеш добра“, изјави Марија.
Со неа се сложи и Карлеуша, која го кажа следново:
„Јас би кажала за кандидатот број еден дека беше доста неубедливо. Мислам дека беше океј, но тоа океј не е доволно за понатаму. Јас ти дадов глас бидејќи беше подобар од кандидатката број два која навистина, како што изјави Марија, потсетуваше мачки кои се парат“, изјави таа.
По настапот се огласи и Сара на социјалните мрежи, која самокритично го напиша следниот коментар.
„Фала ви добри луѓе. Не беше доволно за 4ти круг, но не било за мене. На тие коментари се воздржав, останав веродостојна на тоа каде се наоѓам, пеев Македонски и зборував Македонски, што за мене беше најважно. На друго место, во друго време. Ве поздравувам“, напиша таа на својот профил на фејсбук. А нејзините сограѓани и порачаа да не се откажува.
„Не се откажувај чупе, дијафрагмата ти е одлична, пушти подлабоко, вгодина повторно, само упорност, не беше лоша вечерва“, и напиша една корисничка на социјалните мрежи.
Ние се согласуваме со коментарот и сигурни сме дека оваа млада дама наскоро повторно ќе не изненади со песна.
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска
Фото: Фејсбук/ Сара Ристеска