Карлеуша изгледа бpyтално во ова ceкcи издание, но многумина ќе се ШOKИPAAТ кога ќе слушнат колку ги платила овие детали!
Пејачката со своето ново издание никого не остави рамнодушен
Популарната поп-пејачка Јелена Карлеуша ова лето работи под полна пареа и постојано има настапи низ регионот, но не заборава да ги извести своите фанови на социјалните мрежи за сé што и се случува.
Таа овој пат објави фотографии направени при патувањето со приватен авион, а нејзиниот стајлинг никого не остави рамнодушен.
Пејачката носеше фустан во розова боја со кој го истакна своето бомбастично тело и ги излуде своите бројни фанови.
Фустанот со своето длабоко деколте и прекусото здолниште ги стави во фокусот нејзините облини, додека модните додатоци што ги носеше Карлеуша ги воодушевија жените меѓу нејзините обожаватели.
Имено, популарната пејачка целото издание го зачини со гламурозна чанта и очила за сонце од познати дизајнерски брендови.
Во прашање е чанта од „Баленсијага“ која чини 1650 евра, додека белите очила за сонце кои се исто така од познат бренд се околу 700 евра.
Што се однесува пак до сандалите со кои Карлеуша го заокружи ова издание, таа за нив издвоила околу 1440 евра.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша