Карлеуша за прв пат прозборе за разводот и откри кој и го уништи бракот
Таа откри се...
Пејачката Јелена Карлеуша 18 години по разводот со Бојан Кариќ реши да прозбори и откри детали за наводната афера со телохранителот.
Поп дивата на својот Инстаграм профил револтирана од однесувањето на Богољуб Кариќ во политичката ситуација во сосесна Србија се огласи и кажа се што и падна на ум.
Таа го обвини Богољуб дека и го уништил бракот со Бојан.
Како што тогаш објавија медиумите, Јелена наводно имала афера со телохранител и го изневерувала Бојан, па поради тоа била исфрлена од познатото семејство.
Во неколку наврати се пишуваа секакви работи на оваа тема, а сега за прв пат таа на својот профил детално објасни се, тврдејќи дека сè било наместено.
-Уште една бизарна приказна меѓу многуте што се случува деновиве во нашето општество е предавството на Богољуб Кариќ. Го изневери токму оној кој му даде шанса да се врати во земјава откако претходната власт го прогони. Еден бизарен твит на не многу интелигентен, но многу перфиден опортунист до уште побизарен твит на несвесен пејач ја разоткри суштината. Србите се предавници, Србите не се лојални и Србин му заби нож во грб на Србин, особено ако тој грб е човекот што ти го спасил дебелиот, милијардерски задник. Моето мислење за Богољуб нема да го искажувам бидејќи имам почит кон Бојан Кариќ, мојот поранешен сопруг. Го сакав и го почитував неговиот покоен татко Сретен, но имам два збора да кажам за Б.К. Богољуб Кариќ е човекот кој направи се за да се разведам од Бојан. Тој договори телохранител да дојде до нашата врата во 7:15 наутро и да ми ги покаже пораките што никогаш не сум ги пратила. Богољуб бил сопственик на мобилниот телефон. Бев немоќна.
Мојот сопруг тогаш веруваше во „Вујко Боги“ затоа што „сите пејачки се кур*ви“.
Телохранителот доби автомобил, слушнав. Добив медиумски линч и развод. Никогаш не го изневерував Бојан. Нека е здрав и жив Бојан и неговото прекрасно семејство. Но Богољуб! Кој ја носеше Цеца да ми се смее во лице на семејни веселби, иако беше присутен и мојот татко кој ја уапси… напиша револтирана пејачката.