Карлеуша замеша со колковите, гори целиот Балкан – за ова ceкси и провокативно издание уште долго време ќе се зборува
Жешкиот танц на Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ никого не остави рамнодушен
Познатата манекенка Софија Милошевиќ славеше роденден на кој беа присутни голем број познати дами. И додека славеничката изгледаше неодоливо во минијатурниот розов фустан, ништо помалку атрактивни не беа ни гостинките, а посебно Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ кои со својот танц ја вжештија атмосферата на забавата и ги запалија социјалните мрежи…
Манекенката Софија Милошефиќ својот 32 роденден го прослави во луксузна атмосфера со мал круг на избрани луѓе.
На нејзината журка имаше бројни дами од јавниот живот во Србија, меѓу кои Јелена Карлеуша, Милица Павловиќ, Теа Таировиќ, Јелисавета Орашанин и многу други познати дами.
Познатите гостинки во еден момент се фатија за микрофонот и атмосферата и следуваше вистинско лудило.
И додека пејачката Теа Таировиќ ги забавуваше гостите, Софија како Барбика доминираше во розовиот минијатурен фустан.
Во центарот на вниманието беше и Карлеуша со својот провокативен комбинезон посебно кога почна да танцува со Милица Павловиќ.
Тие двете и во приватниот живот се многу добри пријателки, а со својот атрактивен танц ги запалија социјалните мрежи.
Колку се тие талентирани за танцување и како успеаја да ја загреат атмосферата погледнете во продолжение…
Инаку, Карлеуша и само неколку дена претходно ги „зовре“ страстите кога на настапот во Грац се појави во проѕирен црн комбинезон.
Нејзиното тело беше покриено само на местата што не смееја да се гледаат, а на сцената носеше и златни ракавици.
Како таа изгледаше и во ова свое издание погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша