Карлеуша го прослави роденденот на своите наследнички – Ника ги ШОКИРАШЕ сите со гламурозните папучи на нозете!
Ќерките на Карлеуша прославија 13 и 14 години.
Карлеуша заедно со своите ќерки Атина и Ника замина во Виена каде беше на шопинг пред да го прослават роденденот.
Имено, познатата пејачка за своите наследнички кои се родени на ист ден им го организираше роденденот во еден ресторан во Виена. На прославата беше целото семејство вклучувајќи го и Зоран Бирташевиќ, соработникот на Карлеуша кој воедно е и нејзин најдобар пријател.
„Тие се девојчиња на кои сé им е дозволено, но кои токму затоа никогаш не даваат приоритет на материјалните работи. Воспитани се и не се разгалени. Отсекогаш ме нервирале разгалени и неодговорни деца кои сакаат сé и сакаат веднаш, така што можеби малку претерав со Атина и Ника, бидејќи тие не сакаат ништо и не бараат ништо.“
„И тогаш кога ќе им дојде роденден и кога ќе ги прашам што сакаат, тие не можат да смислат, што ме фрустрира, но таква бев и јас кога бев малечка. Мора да го влечат тој ‘скромен ген’“, изјави порано Јелена за српскиот Телеграф по повод минатогодишниот роденден на Атина и Ника.
На роденденската прослава не беше присутен и Душко, но тој најверојатно ќе им приреди вистинско изненадување кога ќе се видат.
Од фотографиите што дивата ги објави на социјалните мрежи можеме да видиме дека таа беше облечена во бело и изгледаше фантастично, додека нејзините наследнички блескаа во црно од глава до пети.
Посебно внимание привлече Атина со брендираните папучи од Баленсијага кои чинат повеќе од една просечна плата во Македонија.
Како тие изгледаа и зошто целиот ресторан се вртеше по Карлеуша, погледнете од галеријата во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
.