Карлеуша го предизвика гнeвoт на целиот Балкан – гледачите ПРОТЕСТИРААТ против она што им го прави на децата!
По дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ од Ѕвездите на Гранд се подигна голема прашина на социјалните мрежи.
Младата пејачка беше дисквалификувана откако на Инстаграм објави неколку навредливи коментари на сметка на Карлеуша.
По ова се огласи и Карлеуша и објасни зошто кандидатката е исфрлена од шоуто, а на кај го додаде и следново:
„За дисквалификуваната кандидатка не стигнав да го кажам она најважното, што искрено мислам – таа никогаш нема да биде ѕвезда. Со ова ставам точка на нашата мала балканска забава за милиони. Ви благодарам за ‘хипи’ и ‘трендинг’, се гледаме во сабота“, напиша Јелена на Инстаграм.
Дали со ова драмата ќе заврши, останува да видиме.
Да потсетиме, целиот проблем настана откако нападот на Јелена Карлеуша на 18-годишната Вања Кнежевиќ во Ѕвездите на Гранд предизвика револт кај нејзините фанови. И откак0 младата пејачка сподели еден остар коментар на сметка на Карлеуша, таа веднаш беше дисвалификувана по одлука на Гранд продукција. Но тоа не само што не ги смири зовриените страсти, туку дополнително го предизвика револтот кај гледачите, кои на социјалните мрежи ја бранеа Вања и бараа од шоуто да биде исфрлена Карлеуша.
„Некој мора да ја сопре Карлеуша во демонстрација на сила над децата“, пишуваат огорчените гледачи на социјалните мрежи.
„Како не ви е срам, зарем вака ги поддржувате младите и талентираните луѓе“, пишува друга гледачка на шоуто.
И бидејќи Јелена Карлеуша во емисијата ја нападна Вања затоа што го п*yeла жирито, еден корисник на Твитер се потруди да ги пронајде навредите што Карлеуша за време на својата кариера ги има упатено на сметка на своите колешки. Па така таа во една пригода на Дара Бубамара и порача дека е „грда во секоја смисла на зборот, подеднакво физички и духовно“, а за Александра Пријовиќ дека е „селанка“ и дека има „рурално педигре“, додека за Сека Алексиќ, додека фолкерката се бореше да забремени, ја спомнуваше во негативен контекст во врска со тоа што не може да има деца.
„Можеше да имаш деца едно 50 абopтyc пати, но семејството не се заснова на гpy*њaк со камионџии зад шаторот, за не?“
Таа исто така во една пригода и се обрати и на Зораннах, и тоа кога познатата инфлунесерка остана без својата мајка.
„Искрено згpoзена сум што објавуваш ваква вест за мајка ти, и посебно што и се обраќаш на англиски. Немам зборови“, напиша ЈК тогаш.
По ЈК се огласи и Марија Шерифовиќ
Откако Вања Кнежевиќ на социјалните мрежи објасни дека немала намера никого од претставниците на жирито да навреди и дека од Карлеуша доживеала „индиректно психичко злоставување“, во врска со целата непријатна ситуација се огласи и нејзината менторка, Марија Шерифовиќ.
„Само да се разбудам и ќе ви кажам што е онаа вистинската и единствена вистина во врска со дисквалификацијата на мојата кандидатка“, напиша Марија на социјалните мрежи очигледно затекната од целата ситуација што се случи по емитувањето на популарното шоу.
Инаку, ова не е прв пат претставници на жирито да бидат критикувани за тоа како се однесуваат кон своите кандидати.
Имено, тоа се случи и само неколку дена претходно, откако во шоуто ниту еден поен не доби Александар Темелков од Велес, кој заради бруталните коментари на жирито, плачејќи ја напушти сцената.
Нашата публика го памти и исфрлањето на охриѓанецот Адам Лабунски кој заради своето арогантно однесување беше исфрлен од шоуто.
И нему менторка му беше Марија Шерифовиќ, но по конфликтот што се случи помеѓу него, неговиот татко и уште еден натпреварувал, Лабунски беше исфрлен од шоуто иако беше еден од најдобрите пејачи.
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд