Карлеуша без сопругот, и само со децата ја напушти вилата – фановите загрижени да не му се случило нешто на нејзиниот Душко
Еве што се случи
Популарната пејачка Јелена Карлеуша конечно реши да излезе од дома по една недела карантин поминат со семејството во луксузната вила во белградската населба Дедиње.
Но причината за заминување беше повеќе од оправдана.
Имено, во друштво на нејзините ќерки Ника и Атина, а без сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ, таа отиде да ги шета домашните миленици. Убавото време беше одлично за да го прошетаат кучето во близина на нивниот дом.
Погледнете сами како тоа изгледаше:
Инаку, додека трае епидемијата во целиот свет, познатиот фудбалер Душко Тошиќ го поминува своето време во неговиот дом во Белград, заедно со неговата сопруга Јелена Карлеуша и нивните две ќерки, Ника и Атина.
Дека сè е во ред меѓу познатиот пар можеме да заклучиме и од фотографиите што познатата пејачка неодамна ги објави на својот профил на Инстаграм.
Имено, Душко реши да направи палачинки за Јелена и сето тоа го стори со насмевка на лицето.
И самиот Душко ги објави истите слики на својот профил од што многумина заклучија дека меѓу нив двајцата се’ е во ред.
Уживаат во карантинот
Карлеуша деновиве ги воодушеви своите фанови и со декорацијата со која што го украси нејзиниот двор за време на велигденските празници. Имено, дворот на познатата пејачка и фудбалерот Душко Тошиќ изгледаше како во бајките, а во центарот на вниманието беше Карлеуша со нејзиниот спектакуларен фустан.
Оваа боја беше исклучително популарна минатото лето, и не се тргна од модниот престол, така што Карлеуша, во согласност со кралската прослава така и изгледаше. Дивата објави и фотографија на која се гледа како позира со јајце во кое се нацртани иницијалите J.К.
Покрај сите волшебни детали, Јелена едноставно блескаше во својот прекрасен фустан со макси должина. Исечена на половината, фустанот ласкаше на нејзиното беспрекорно тело, а косата, како и секогаш, имаше прекрасна сребрено-бела нијанса со заоблени кадрици.
Очигледно Карлеуша знае како да ужива и во изолација…