Манекенката Бела Хадид важи за еден од најбараните модели на светот, а нејзиниот впечатлив изглед ја издвојува од останатите
Но изгледа дека познатиот американски модел има двојничка. Имено Бела деновиве беше на филмскиот фестивал во Кан заедно со супермоделот Карла Бруни (50), а сите ја забележаа неверојатната сличност меѓу нив. Италијанската манекенка и поранешна прва дама на Франција и сопруга на Николас Саркози, која ги освојуваше модните писти во осумдесеттите , објави на Инстаграм селфи фотографија со Бела, откако и самата забележа колку си личат.
https://www.instagram.com/p/Biu6zEshaAN/?utm_source=ig_embed
„Дали тоа јас има скриена ќерка“ напиша Бруни во описот на фотографијата на која и покрај разликите во години навистина многу личи на Бела Хадид.
https://www.instagram.com/p/BhLxH7PhRjC/?utm_source=ig_embed
https://instagram.com/p/Bb69rjDhVDL/?utm_source=ig_embed