За првпат една од првите награди во светот на математиката ќе биде дадена на жена.
Норвешката академија на науките објави дека оваа година наградата “Абел”, која беше моделирана врз Нобеловата награда, одлучи да и ја даде на Карен Уленбек, професор-поборник на Универзитетот во Тексас во Остин. Одлуката вели дека била под влијание на нејзината работа за анализа, геометрија и математичка физика.
Меѓу другото, во нејзината кариера помогна да развие поле познато како геометриска анализа и развиени техники кои многу математичари ги користат денес.
Таа ги направи работите за кои никој претходно и не помислувал, а така ги постави темелите на оваа гранка на математиката, рече Сун-Јунг Алис Чанг , математичар на Универзитетот Принстон, кој беше дел од петчлената експертска комисија.
76-годишната Карен Уленбек за наградата беше известена во неделата и вели дека сѐ уште не одлучила што да прави со 700.000 долари што ќе ги добие како награда.
Со оглед на тоа дека не постои Нобелова награда за математика, со децении најпрестижната награда доделена на математичарите беше „Fields ‘Medal“, висока меѓународна награда која се доделува на секои четири години на најуспешните математичари кои се на возраст под 40 години. Мериам Мирзахани е единствената жена што досега ја има добиено оваа награда, и тоа во 2014 година.
Наградата Абел беше именувана по норвешкиот математичар Нилс Хендрик Абел и започна да се доделува во 2003 година за да се потенцира значајниот напредок во математичкиот свет. Претходните 19 лауреати (за три години наградата беше поделена помеѓу двајца математичари) беа мажи. Сега Абел ќе ја добие својата прва жена, Карен Уленбек, која е свесна за фактот дека таа е примерот за жени во оваа област.