Кардашијанките повторно го копираа стилот на Карлеуша – овој пат во прашање е брутално секси комбинезон од Гучи
Сестрите Кардашијан повторно го копираа стилот на Карлеуша
И тоа овој пат не го направи најпознатата кардашијанка, Ким, туку нејзината сестра Клои, која облече потполно ист комбинезон каков пред извесен период носеше и српската пејачка Јелена Карлеуша.
Имено, пред неколку години светските медиуми пишуваа дека старлетата Ким Кардашијан позајмила неколку модни комбинации од Јелена Карлеуша, а оовој пат нејзината сестра Клои позираше со сестрите Кендал Џенер и Кортни Кардашијан во полупроѕирен комбинезон од Гучи.
Карлеуша истиот комбинезон го носеше во „Твоето лице звучи познато“ уште при крајот на октомври 2017 година.
https://www.instagram.com/p/BcXGjOplazo/?utm_source=ig_embed
Под фотографијата на Клои на Инстаграм обожавателите и напишаа бројни пофални зборови за сексапилниот изглед, особено затоа што таа се породи пред десет месеци кога на овој свет ја донесе малечката Тру. Но таа беше упорна и со напорни тренинзи за кратко време се врати во топ форма.
https://www.instagram.com/p/BuVTJ6jlFsg/?utm_source=ig_embed