Реклама
Вирално

Карантинот некако ќе го издржиме, но прашањето е дали оваа година ќе можеме да одиме на море? Еве што велат епидемиолозите

Реклама

Некои граѓани веќе платиле туристички ангажмани за летни одмори, а дали ќе можат да одат ова лето на одмор е прашање што си го поставуваат многумина.

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека не очекува да има посебни ситуации во текот на летото, но советува дека е најдобро да не се оди на море.

Маркетинг

„Не очекувам дека ќе има заболувања и некои специјални ситуации во текот на летото, но знаете како, не знам какви притисоци мора да има некој за да го стори тоа по секоја цена“, изјави тој на конференцијата за медиуми.

Тој нагласи дека е подобро да се биде „свој на свое“ во една ваква ситуација.

Маркетинг

„Тоа е мое лично мислење и не се заснова на никаква епидемиологија. Кога имате ситуација кога постои ваква закана и се наоѓате во туѓа земја, подобро е да сте дома ако веќе тоа се случува низ целиот свет. Тоа е мое лично мислење “, изјави познатиот епидемиолог за медиумите.

more

Кога животот ќе се врати во нормала?

Од друга страна, според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче кон крајот на април животот во Македонија полека треба да се враќа во нормала.

„Сакам да упатам порака дека нема да може лесно, целокупниот работен процес и животот, да се врати со ист интензитет, имајќи ги во предвид искуствата на другите земји. Секогаш постои ризик и за друг пик на новодијагностицирани пациенти. Следната недела започнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, а на кои од наша страна и комисијата за заразни болести ќе им се даде јасна насока на економските оператори, производствени капацитети, угостители, како треба нивниот работен процес да го организираат за да во моментот кога ќе се одлучи дека е дојден момент да се отстранат ригорозните мерки, процесот постепено да се врати во нормала“, рече Филипче.

Што се однесува до празникот Велигден, ставот на Владата е дека за празниците ќе треба да важат мерките како за викенд, најави Филипче.

Целта е да се избегнат контакти помеѓу луѓето.

Филипче објасни дека секоја институција има патека за движење на пациентите заразени со коронавирусот. Тој денеска уште еднаш најави дека веќе од следната седмица Владата ќе почне со подотовки за враќање на граѓаните и стопанството во вообичаениот животен тек, откако ќе бидат укинати рестриктивните мерки поради корона вирусот.

-Многу е битно што имаме линеарен пораст на бројот на пациенти. Се надеваме дека ќе успееме да го амортизираме ударот во смисла на бројка на пациенти што се примаат во болниците. Ние постојано ја следиме состојбата и во согласниост со тоа ги носиме одлуките. Веќе од почетокот на следната недела ќе почнеме да се подготвуваме за денот кога нашите животи постепено ќе почнат да се враќаат во нормала, кога ќе продолжи работниот процес во секоја компанија, ресторан, продавница, рече Филипче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button