Вирално

Карантинот може да потрае до средина на јули, пикот на коронавирусот допрва доаѓа

Advertisement

Пикот на Ковид 19 во светот допрва треба да дојде.

Advertisement

 

Според американските консултантски компании Бостон (БЦГ), карантинот ќе трае до средината на летото.

Истржувањето укажува дека карантините би можеле да останат на сила дури и во најразвиените земји на светот до последните недели од јули.

Advertisement

Ва анализата се велат дека врвот на бројот на новозаразени во САД ќе биде во првата недела од мај, додека врвот на раст во Велика Британија се очекува дури во третата недела од мај.Во тоа време, пикот на епидемијата ќе биде и во Бразил, која во моментов е една од ретките земји што не спроведоа целосни карантински мерки, но во некои области, има регулативи за ограничување на движењето и однесувањето.

Како што беше и претходно најавено, кинескиот град Вухан, во кој првично се појави новиот корона вирус, од денес прогласи прекин на карантинот, и укинувањето го прославија со „светлечко шоу“ за кое зборува целиот свет.

Вухан беше епицентарот на новиот корона вирусот кој потоа се прошири низ целиот свет. Речиси 1,5 милиони луѓе на планетата се заразени, а повеќе од 82.000 го изгубиле животот.

Но, од денес, во Вухан се укинати мерките со задолжителниот карантин како и сите останати ограничувања и животот полека почна да се нормализира. Тоа меѓу другото значи и дека сообраќајот работи и дека дозволуваат патувања и надвор од градот по цели два месеци поминати во карантин.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button