Холивуд

Канје е сопруг на годината – на Ким Кардашијан и купи подарок од 14 милиони долари

Advertisement

И додека ние, обичните смртници и смртнички за божиќните и новогодишните празници, најчесто добиваме гаќи, чорапи и пижами (а понекогаш ни тоа!), во светот на богатите и славните работите стојат малку поинаку.

Advertisement

Луѓето кои буквално пливаат во пари секоја нова година не шокираат со скапите божиќни подароци што ги добиле или дале на саканите, а оваа година победник во оваа категорија дефинитивно е Канје Вест. Имено, познатиот репер овој Божиќ потроши 14 милиони долари за неговата сопруга на која и купи подарок што не можеше ни да го замота.

https://www.instagram.com/p/Br3l0Qynuwm/

 

Advertisement

Сигурно и вие се прашуваш што може да чини толку многу пари? Според познатиот портал ТМЗ, Канје на Ким и купил стан во „Faen House“, една од најексклузивните згради во Мајами Бич, која носи прекар „бункер на плажа за милијардери”. Станот што го купи, наводно, има 4 спални, 5 бањи и тераса, а останатите станари на зградата исто така се многу богати и претежно познати личности.

Па што мислите, дали некој може да го надмине во ова?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button