Холивуд

Канје Вест ќе се откаже од децата затоа што ги родила сурогат мајка?

Advertisement

Бизарни вести поврзани со семејството Кардашијан

Фото: Инстаграм/ Канје Вест

Канје Вест, 42 годишниот репер не го крие својот чуден карактер. Имено, тој не ретко знае да ги изненади сите со своите необични ставови и испади, а како што пишуваат таблоидите, последниот негов таков испад се однесува за неговата ќерка Чикаго и синот Псалм, односно неговите најмлади деца што ги има со Ким Кардашијан.

Advertisement

Како што пишуваат овие весници, опсесијата на реперот со религијата и христијанството го доведе до тоа да не сака повеќе да ја има едногодишната ќерка и шестмесечниот син Псалм кои се родени со помош на сурогат мајка, бидејќи како што пишуваат тие, тоа е против волјата на Бог.

Фото: Инстаграм/ Канје Вест

Инаку, славниот пар е во брак од 2014 година, а откако се роди четвртото дете, синчето Псалм, Ким и Канје ги обновија и своите венчални завети. Семејството на Кардашијан по потекло е од Ерменија и е со православна вера, па затоа во нејзиното семејство се слави православниот Божиќ.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button