Реклама
Наши ѕвезди

Канје Вест ја изненади Ким Кардашијан со роденденски подарок за кој долго време ќе се зборува

Реклама

Најпознатата ријалити ѕвезда на светот деновиве го прослави својот 39 роденден

Ким Кардашијан се пофали дека нејзиниот сопруг Кајне Вест и го подарил најубавиот подарок во животот.

Маркетинг

Имено, таа на нејзиниот профил на социјалните мрежи сподели дека Канје Вест во нејзино име подарил милионска донација во хуманитарни цели.

Познатиот репер донираше милион долари во хуманитарни цели на име на неговата сопруга Ким Кардашијан, а парите се наменети за реформи на затворите, вклучувајќи го и озлогласениот „Cut 50“, проектот наречен Затрупани живи, Иницијатива за рамноправност и Коалиција против рецидив.

Маркетинг

„Добив прекрасни подароци од моето семејство, но Канје во мое име, од него и децата донираше милион долари на моите омилени хуманитарни организации кои толку многу се бореа за реформи во затворите. Поради тоа и сум толку среќна“, напиша Кардашијан под фотографијата.

Инаку, реперот и минатата година ја покажа својата романтична страна кога на својата сопруга и отсвири серенада во соба полна со цвеќиња, но очигледно дека годинава ги надмина и нејзините очекувања.

Познатата Американка својот роденден го слави веќе неколку дена. Најпрво со своите сестри беше да си ги наполни батериите во Палм Спрингс во Калифорнија, што исто така го сподели преку социјалните мрежи, а потоа уживаше во семејна вечера во својот дом.

Вистинска холивудска љубов

Канје Вест беше на врвот на својата слава кога ја сретна својата сегашна сопруга во која се вљуби на прв поглед.

Како што тој самиот има изјавено, тогаш пријателите му зборувале дека не може да биде со неа бидејќи ќе ја уништи неговата кариера, но тој на сите им кажувал дека ја сака и дека без разлика на тоа што е позната ријалити ѕвезда, сака да биде со неа. Секогаш кога бил во нејзина близина, чувствувал магнетна привлечност од силната енергија со која зрачела. „Беше добра, чиста, среќна, полна со љубов, храбра, силна“, изјави Канје во најавата за документарниот филм „True Hollywood Story“, посветен на Ким.

Парот на вечна љубов се заколна во 2014 година и денес имаат четири деца: Норт (6), Сејнт (3), Чикаго (наскоро ќе наполни две години) и Псалм (пет месеци).

Тие денес уживаат во среќниот брак, а тоа е нешто што не можеа ни да го замислат кога прв пат се сретнале во 2002 година.

И како што можеме да видиме, Ким Кардашијан не само што не му ја уништи кариерата и имиџот на Канје Вест, туку и целото семејство Кардашијан (а со неа и семејството Џенер) денес е уште попочитувано и не постои престижен холивудски настан кој нема да добие на важност доколку Ким реши да се појави на него. Па дури и кога е без својот сопруг…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button