Реклама
Вирално

Камчев како Роналдо – своите хотели ги претвора во болници за заразени од коронавирус и ќе ги плати сите трошоци за лекување!

Реклама

Само што не израдува веста дека познатиот фудбалер Кристијано Роналдо решил сите свои хотели да ги пренамени за потребите за лечење на заразените од коронавирусот, кога ете слична вест стигна и од нашата земја.

Фото: Принтскрин/ Сител

Имено, клиничката болница „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ соопштуваат дека од денес целосно го ставаат на располагање капацитетот на Хотелот „Ibis Styles“, поранешната болница „Мала Богородица – Систина’, на Министерството за здравство. Хотелот комплетно ќе биде пренаменет во Центар за изолација на суспектни лица на вирусот Ковид-19, на кој им е определен 14-дневен изолационен период (карантин) од надлежните органи на државата. И што е најважно (внимавајте сега) медицинскиот тим, како и сета друга неопходна медицинска поддршка, ќе бидат обезбедени од „Аџибадем Систина“ (значи доктори и медицински сестри!). Сите трошоци околу нивниот престој ќе бидат покриени од „Аџибадем Систина“ и од „Орка Холдинг“.

Па како да не бидеме позитивно изненадени (!) од одговорните во „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“. Во овие моменти кога нашата држава минува низ тешки моменти кои бараат грижа од сите нас, тие решија да ги стават на располагање своите капацитети и да помогнат.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Ibis Styles

Да, здравјето и пред се животот на секој поединец во оваа наша држава треба да ни биде над секој друг интерес. Затоа и сите треба да бидеме одговорни и самосвесни, да ги следиме советите на СЗО и власта и заеднички да се соочиме со актуелната ситуација која е крајно сериозна.

Па така во соопштението на „Аџибадем систина“ и „Орка Холдинг“ се вели и дека доколку 47-те соби на Хотелот „Ibis Styles“ не бидат доволни, тие го нудат и хотелот „Ibis Skopje City Center“, кој располага со 110 соби.

Маркетинг

Собите и во овој хотел би биле целосно пренаменети и опремени со сета потребна медицинска опрема и материјали, а сите трошоци за опремување на собите и за медицинскиот персонал ќе бидат на товар на компанијата.

Фото: Фејсбук/ Ibis Styles

„На сите нас останува да продолжиме да ги следиме препораките и насоките на Министерството за здравство, да веруваме во оние кои ја вложуваат сета своја професионалност со цел оваа ситуација да има најдобар можен исход, и заедно, со висока свест, да придонесеме ова ситуација да биде побрзо надмината“, се вели во вчерашното соопштение на „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“

Па што друго да кажеме освен едно ГОЛЕМО БРАВО и секоја чест за овие две ГОЛЕМИ компании, за нивните одговорни и за сите вработени во нив!

Браво!

Во продолжение, погледнете ја и изјавата на проф. д-р Владо Димов за телевизија Сител:

Извор: Плусинфо

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button