Камин, огромен двор, затворен базен и кожни фотелји – еве како изгледа РАСКОШНАТА ВИЛA на фолк-пејачката Анета Наковска
Не се откажува од пеење и преку седум мориња
Анета Наковска веќе со години важи за една од најпознатите фолк пејачки во Македонија. Публиката ја обожава, а за нејзините настапи се уште се зборува меѓу нејзините бројни обожаватели, од Америка до Австралија.
И додека едно време сите мислеа дека е слободна и дека нема момче она што малку беше познато на пошироката јавност беше тоа дека популарната пејачка е сериозно вљубена, па затоа и како бомба одекна веста кога се дозна дека тајно се омажила со својот избраник кој долго време го криеше од јавноста. Таа своето судбоносно „да“ го кажа во Лас Вегас, каде нејзиниот сопруг Спиро Крлевски, кој по потекло е од Охрид, долги години живее и работи.
Пејачката тогаш остана да живее со него, па така тие и двајцата веќе долги години живеат на релација Америка – Македонија.
Кога се во нашата земја, тие престојуваат во Велгошти, каде имаат голема куќа, а во склоп на куќата и ресторан.
Фолкерката во домот има и затворен базен во кој ужива да се релаксира секогаш кога има време за тоа.
Камените ѕидови од кои е направена куќата и прекрасниот камин прават одлична хармонија, а просторот во дневниот престој е украсен со икони, цвеќиња и разно-разни ситници кои го претвораат местото во вистинска оаза на мирот.
Инаку, малкумина знаат и дека популарната пејачка е и голема љубителка на природата, па како што самата изјави во една пригода, кога луѓето би ја виделе како живее и кои се нејзините приоритети, би останале без зборови.
Имено, додека живееше во Пржино, пред да се омажи, постојано одеше на Водно од каде што собираше растенија од кои правеше природни препарати за нега на лице и тело. Таа исто така и најголемата инспирација ја црпи токму од планината и природните убавини, место што секогаш ја исполнува со позитивна енергија.
Интересно е и тоа што пејачката и покрај тоа што живее преку „седум мориња“, се уште не се откажува од пеењето. Тоа можеме да го видиме и од едно видео објавено од нашинец што живее во оваа прекуокеанска земја, а на која пејачката ја пее „Казуј крчмо Џеримо“ од Уснија Реџепова.
Облечена во црно од глава до пети изгледаше занесно, а кога ја запеа песната од Уснија Реџепова и заигра никој не остана рамнодушен.
Како таа изгледаше на оваа веселба, но и неколку фотографии од нејзиниот топол дом во Велгошти, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска
Фото: Фејсбук/ Анета Наковска