Реклама
Наши ѕвезди

Калиопи со СОЛЗИ – „Mи го одземаа детствто, беше дел од мојата младост, многу му верував“

Реклама

Нашата Калиопи со емотивна порака откако слушна за cмpтта на легендарниот пејач Балашевиќ.

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

„Замина уште една човечка величина, овој пат крунисана со вистинитоста на стиховите што засекогаш ќе сведочат за него, за нас и за нашите животи … Во неверување ја примив веста за вечното заминување на Балашевиќ … збунета. Како мало дете на кое му беше одземено детството … Тој беше дел од мојата младост, моето растење, стекнување мудрост, поет на кој му верував …“ – изјави познатата македонска пејачка за српски Курир и додаде:

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

„Во Белград ме затекна веста… И токму таму ќе се збогувам со него. Во земјата што ни го даде на нас … на сите нас … Македонија отсекогаш го сакаше, а и тој исто така ги сакаше своите Македонци … Јас сум многу тажна, но и бескрајно благодарна што живеев во неговото време. И оддавам почит на неговата поетска душа, која сега патува до вечноста. Таа исто така се збогуваше со кантавторот преку Инстаграм, цитирајќи ги стиховите од неговата песна „Напослетку“.

Маркетинг
ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

За потсетување Ѓорѓе Балашевиќ пoчина на 19. февруари 2021 година како последица на коpона вирусот.

Послената желба на еден од најпопуларните југословенски музичари Ѓорѓе Балашевиќ, пред да пoчине, бил да се слушне со неговата сопруга Оља, открива извор близок до пејачот.

Маркетинг
ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

Балашевиќ пooчина на 67. годишна возраст. Пред три дена беше примен на Инфективната клиника во Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад. Болeeдуваше од коронавирус и бил во многу лоша состојба.

Претходно тој десет дена се лекувал дома, но без успешно. Интеизвната нега била неопходна.

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

Многу познати личности се простија од легендарниот музичар, Нови Сад тагува, а обожавателите на плоштадот палеа и свеќи во чест на Балашевиќ.

Да се потсетиме на неговата музичка кариера.

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

Во почетокот на 1982 година, со издавање на албормот Пуб ја започнува својата соло кариера. Следната година во зимата првпат одржува конценрт во Сава центарот во Белград.

Насловната нумера од албумот Celovečernji The Kid (издаден во 1983 година) е снимена на англиски јазик и инспирирана е од мексиканскиот фолклор. Во април 1984 го издава својот трет соло албум на кој се наоѓа можеби надобрата негова песна Словенска.

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

Започнувајќи од следниот албум Бездан, Балашевиќ формира екипа која со него редовно ќе работи како студиска и концертна поддршка.

Самиот Балашевиќ смета дека со овој албум започнува најплодниот дел од неговото творештво. Следниот албум Панта реи добива исклучително лоши критики кои веројатно се последица на тешкиот период кој авторот го имал во приватниот живот.

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.

Следната година ја напушта групата во која се афирмирал и заедно со Верица Тодоровиќ ја формира групата Рани мраз со која настапува на фестивалот во Опатија со песната „Моја прва Љубав“. Во текот на истата година снимаат уште неколку песни.

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

Пред започнувањето на снимањето на песната „Рачунајте на нас“ во работата на групата се приклучуваат бившите членови на групата Сунцокрети, Биљана Крстиќ и Бора Ѓоргевиќ (познат како Бора Чорба). Песната станала популарна како помеѓу властите, така и помеѓу народот и на извесен начин претставувала химна на генерацијата.

Во Сплит во 1979 година Балашевиќ ја освојува првата награда со песната Панонски морнар. Во текот на 1980 година за време на отслужување на воениот рок во Загреб и во Пожеревац каде учествува во снимањето на ТВ серијата Војници. При крајот на годината излегува албумот „Одлази циркус“, инаку последниот албума на групата Рани мраз.

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

Следниот албум Три послератна друга снимен е во 1989. Овој албум носи поднаслов Музика од истоимениот роман кој Балашевиќ го објавува во 1989 година. Овој албум бил добро прифатен како од публиката, така и од критиката.

На овој албум се наоѓа и песната Д-мол – една од најубавте негови балади. Во периодот кога започнува вojјната во Југославија издаден е албумот Марим ја… Овој албум е запамтен по исклучително добрите текстови и носталгични ноти.

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

Во 1993 година Балашевиќ го снима албумот Један од оних живота. Албумот излегува во периодот на вojната и економската криза која во СР Југославија постоела тогаш. Во тие години концертите на Балашевиќ поставуваат јавни чистилишта на кои тој изнесува критики против постојниот pежим.

По нешто подолга пауза, во 1996 година, го објавува албумот На послетку. Песните на овој албум се снимено претежно со акустични инструменти.

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

Од инструменти користени се: фагот, обоа, труба, виолина кои на убав начин ја пренсуваат атмосферата на песните на Балашевиќ.

Вториот роман го објавува во 1997 година. Содржината на романот ги прати содржините на неговиот претпоследен албум.

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

Романот добива исклучително добри критики. Во 2000 година Балашевиќ го објавува политичкиот албум Деведесете. Во овој албум тој јавно ги осудива настаните од претходната деценија.

Љубовните песни кои не се присутни во претходниот албум во потполност го исполнуваат албумот Дневник старог момка кој го објавува на крајот на 2001 година. Овој албум содржи дванаесет песни и секоја од нив за наслов носи женско име.

Овој албум ѝ е посветен на негова сопруга Оља. Инаку, со комбинација на почетните букви на сите песни од албумот се добива „Оља је најбоља.

 

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Ѓорѓе Балашевиќ / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button