Синоќа во Скопје изгледаше како да е Нова Година. Три големи ѕвезди во исто време одржаа концерт во метрополата.
Нашата Калиопи во Арена „Борис Трајковски“ грмна со својот неповторлив глас. Гостин на концертот и беше Жељко Самарџиќ со кого имаат дует на новиот албум, хитот на годината „Знам“ и Слаткар со кого исто така имаат дует, убавата балада „Казна“.
Публиката и повеќе од задоволна од преполната сала, сите во еден глас ги отпеаа безвременските песни на Калиопи од „Обои ме“ , до „Црно и бело е се“ , а во хор се пееше и „Ела“ и останатите најновите песни на нашата поп дива.
– Калиопи е неповторлива, незаменлива, единсвена и наша, треба да ја цениме. Ме радува што салата беше преполна и што сите ги пееја песните – рече за „Гламур“, една скопјанка.
На другиот крај од градот пак, во спорстката салата „Јане Сандански“ се собра бројната публика ,фанови на српската легенда, на убикатната Јелена Карлеуша. Карлеуша од Скопје ја започнува регионалната турнеја „Алфа и Омега“. На сцената имаше многу танчери и огромни реквизити. Пејачката неколку пати се пресоблече и секогаш изгледаше фантастично. Носеше светскави стајлинзи, сценски костими кои го надополнија целокупното шоу.
Не, ова не беше обичен концерт, ова беше шоу! Многу сум среќна што ЈК дојде во Скопје, ја сакам! – изјави за „Гламур“ една девојка.
Во епицентарот на градот, пак, вчера пред „Дајмонд мол“, концерт одржа српскиот шармер, миленик на жените, Саша Ковачевиќ. Каде и да се свртиш имаше луѓе, претесно беше доле пред бината, па луѓето се качиле и гледаа од терасите на трговскиот до најгорниот кат. Преубава глетка и вистинско уживање за публиката.
Кој успеа да го види вчера САША КОВАЧЕВИЌ алал да му е! Ваква гунгула не се видело пред „Дајмонд“
Погледнете како изгледаше вчера Скопје и кај која ѕвезда имаше најголема забава.