Калиопи покажа како изгледала на почетокот на кариерата – НЕВЕРОЈАТНА ХАРИЗМА, сите се воодушевении
Македонската пејачка со едно видео разбуди најдлабоки спомени кај цела една генерација која израсна со нејзината музика.
Калиопи е македонската дива, кралицата на поп музиката, нашата гордост.
Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесетите.
Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.
Може да се пофали со голем број на хитови, многу концерти со преполни сали и настапи на врвни фестивали.
Калиопи зад себе има два брака, две големи љубови! Од романсата со композиторот Ромео Грил Калиопи го доби најголемиот дар во својот живот, синот Пако.
Пако денес има 30 години и живее во Швајцарија.
По него долги години беше во брак со актерот Васил Зафирчев. Важеа за најскладен пар на македонската сцена, а на нивната љубов многумина заидуваа. Но, на изненадување на многумина и тие се разделија. Сепак и после бракот останаа блиски пријатели, па често се гледаат.
Оние кои ја познаваат и лично пејачката за неа имаат да кажат само пофални зборови. Позната е и по многуте хуманитарни гестови кои ги има направено, па токму така ѝ стана и поблиска на публиката.
Својата музичка кариера ја започна уште како многу млада, како дел од најпопуларните детски фестивсли.
Ќе биде запаметена по победата на едно од првите изданија на детскиот музички фестивал Златно Славејче, во 1976 година, со песната Мојата учителка.
Нејзин пријател направи видео компилација од снимки од нејзините почетоци.
Неверојатна трансформација од мало талентирано девојче, во прекрасна жена, една од најуспешните на Балканот.
Во опис на видеото откри кој е советот кој ѝ го дал нејзината мајка.
„Потврдено Се сеќавам на зборовите на мајка ми – „Дете мое, треба да одлучиш која стp аст ќе ја избереш, не можеш сè одеднаш. “ Да се трансформирам од дете во девојче, од девојче во жена…
Публиката која ме паметеше ме поздравува со возбуда… но некои допири кои создаваат магија едноставно се случуваат.
Растеш и го наоѓаш детето внатре во тебе – прекрасен процес…
Ти благодарам драг мој @darkopetrovski16 за ова прекрасно видео…“, објави Калиопи.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
ФОТО: Инстаграм / Калиопи