Калиопи однесена во полициска станица во Белград – нови детали за жената што почина на нејзиниот концерт
Пејачката скршена од болка по немилиот настан
По пристигнувањето на полицијата на лице место, Калиопи беше повикана на сослушување во врска со несреќниот случај.
Почина жената на која што и се слоши за време на концертот на Калиопи Букле во Белград, а како што пренесуваат медиумите, македонската пејачка по несреќата беше однесена во полициската станица за да даде изјава во врска со немилиот настан.
Жената на која што вчера и се слоши за време на концертот на Калиопи почина и покрај тоа што Брзата помош итно реагираше.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
По Брзата помош на лице место дојде и полицијата, па Калиопи беше повикана на сослушување во врска со несреќниот случај, пишува српскиот Курир. Пејачката тешко го прифати немилиот настан, па според очевидци таа цело време плачела и била скршена од болка.
Жената која што починала на концертот дошла со пријателка и својата ќерка, а во Белград дошле од Македонија.
На жената во еден момент и се слошило и ја изгубила свеста, по што веднаш реагирала Брзата помош, но, за жал, и немало спас.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
„Жената што почина на концертот дојде со ќерката. Седеа во раздвоени редови кога и се слоши. Реанимацијата траеше 45 минути. Пред да почине, Калиопи и самата и пријде на девојката која што е параплегичар и која беше многу неутешна“, раскажува извор за „Информер“, а пренесува српскиот портал „Ало.рс“.