Како студентката по медицина од Македонија го „освои“ ЦЕЛИОТ БАЛКАН – цела нација се гордее со неа
Импресиите по победата се уште не стивнуваат

Младата пејачка од Струмица, Славица Ангелова (20), во саботата триумфираше во „Ѕвездите на Гранд“ и ја освои титулата.
Таа и пред шест години се натпреваруваше во слично шоу, „Некои нови клинци“, а тоа Саша Поповиќ го забележа уште во првиот круг.
Таа тогаш го избра Ѓорѓе Давид за свој ментор, кој не го криеше воодушевувањето што талентираната пејачка заврши во неговиот тим.

Познатиот рокер тогаш ја спореди Славица со некогашната победничка во шоуто, Џејла Рамовиќ, истакнувајќи дека никој досега од нејзиното појавување не го изненадил како нашата пејачка.

Но Славица и покрај својот неверојатен талент, често завршуваше во баражот, така што победата и за неа беше големо изненадување.

Ѓорѓе секогаш кога таа ќе завршеше во бараж, беше револтиран и се бореше за неа, истакнувајќи дека е оштетена.
„Не доби доволно гласови! Мене навистина ме интересира зошто таа не беше за шест, па по сите параметри беше феноменална“, се побуни во една пригода и Вики Миљковиќ и застана на страната на Славица.

Незаборавен беше и моментот кога Белорусинката Ксенија Тану од тимот на Марија Шерифвиќ и Славица настапуваа во дуел.

Тие тогаш и двете настапија со иста песна од „Парни ваљак“, и на сцената направија вистински спектакл.

Но Славица и тогаш заврши во баражот, од каде повторно успеа да се пласира во следниот круг, а потоа и да победи.
Како Славица изгледаше од првиот до последниот круг во шоуто, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова