Како принцези од БАЈКИТЕ: Македонскиот пејач позираше покрај своите две УБАВИЦИ – тие се неговото богатство
Сопругата на македонскиот пејач изгледаше како принцеза, а тој гордо се пофали со своите две убавици.
Семејството Миладиноски ја круниса љубовта на пар од Австралија, а пејачот сподели фотографии од церемонијата.
Влатко Миладиноски својата музичка кариера ја започна релативно млад, а најголем ветер во грб добиваше од својот вујко, легендарниот Војо Стојаноски, со кој често и насапуваа заедно.
Денес Влатко има успешна кариера и е популарен колку во Македонија толку надвор од нејзините граници, особено во дијаспората.
Браќата Влатко и Златко Миладиновски, заедно со нивниот братучед, Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите. За нивните концерти се бара билет плус.
Сиднеј, Камбера, Перт, се само дел од градовите каде се одржуваат концерти, за кои не само организаторите, туку и публиката по социјалните мрежи коментира дека се едни од најпосетените изминативе неколку години, од било кој друг македонски пејач или група што настапува надвор од нашата земја.
Изминатиот период тие повторно беа на турнеја во Австралија.
Заедно со корисното, Влатко го спои и убавото.
Како што соопшти на социјлните мрежи, тој и неговото семејство бил кумови на пар во Австралија.
Семејството Миладиноски ја круниса љубовта на пар од Австралија, а пејачот сподели фотографии од церемонијата.
„Во Австралија,кум по трет пат!!!“, напиша Влатко.
Неговата сопруга за оваа прилика се одлучи за долг свечен фустан со сребрени кристали, а Влатко избра црн костум. Нивната преслатка ќеркичка беше облечена во бело, како принцеза.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение:
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски
ФОТО: Фејсбук / Влатко Миладиноски