Реклама
Модни совети

Како покрупните жени правилно да изберат бикини – и да изгледаат совршено

Реклама

Делот од телото што сакате да го истакнете нека биде покриен со светли бои и интересни дезени, а оној што сакате да го камуфлирате – за него најдобро е да избирете потемни, пригушени нијанси, така што акцентот ќе го префрлите на друго место, подалеку од „ризичното“ подрачје.

Во прашање се одлични совети како во бикини да ги истакнете атрибутите и да ги сокриете недостатоците. Секако дека е важно и каков модел на костим за капење носите доколку сте девојка со покрупна градба на телото, но и какви украси имате на себе, која боја е костимот за капење…

Маркетинг

Треба да ги избегнувате модели кои се сјајни бидејќи го „прошируваат“ телото. Исто така, оној дел од телото што сакате да се потенцира нека биде покриен со живописни бои и интересни дезени, а за делот што сакате да го прикриете – изберете потемни, пригушени нијанси.

Маркетинг

Така, живописните бои ќе ги привлекуваат погледите на другите и нема толку да обраќаат внимание на несовршеностите, кои впрочем, сите ги имаме, нели? Звучи едноставно, но верувајте ни, делува.

Жените кои имаат форма на тело како песочен часовник, односно бујни облини и тенка половина, треба да изберат минијатурни бикини со триаголници на градите или едноделни модели со отвор околу половината. Исто така, добар избор се и бикини на кои гаќичките се подлабоки, бидејќи така ќе го сокријат вишокот во пределот на стомакот, а воедно ќе го стегнат како корсет. Одлични се и моделите со карнери околу колковите или оние кои изгледаат како да имаат сукњиче – одлична оптичка илузија поради која ќе изгледате подобро. И едноделен модел е добар избор, но во тој случај најдобро е да има отворен грб – така телото ќе изгледа подобро.

Ако градите се поголеми, важно е тие да бидат цврсто во корпата и да не висат од страните. Горниот дел на костимот за капење мора да биде доволно голем, така што целата дојка ќе влезе во нив. Модели кои се со тенки ленти кои се врзуваат околу вратот обично не стојат добро на жени со големи гради, освен ако градите, чудесно, стојат цврсто сами од себе. Ако гради се мали, тогаш најдобро е да се нагласат бидејќи така останатиот дел од телото ќе изгледа потенок.

Малите градите ќе изгледаат повпечатливо ако изберете бикини што изгледаат како лента или има влошки во корпите. Покрај тоа, живописни бои и украси се добредојдени во горниот дел на костимот за капење.

 

За мали гради и поголем задник, најдобар избор се долен дел во форма на триаголник со ленти за врзување и горен дел со влошки или во облик на лента. Исто така, ако имате широк колкови, дефинитивно треба да ги избегнувате модели со високи отвори на бутовите.

Треба да бидете внимателни и со дезените, бидејќи на жените со покрупна градба подобро им стојат помали дезени.

 

Покрај тоа деловите од телото што сакате визуелно да ги намалите треба да имаат вертикални, а не хоризонтални линии.

Извор: 24sata.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button