Како Парис Хилтон успеа да изгради бизнис империја во вредност од 300 милиони долари?
Можеби мислите дека Парис Хилтон е една од оние богати, разгалени девојки што не прават ништо во животот, освен што ги трошат парите на родителите, но верувајте тоа е далеку од вистината кога е во прашање оваа жена.
Откако најпрво се прослави само затоа што е богата, Парис во моментов е една од најголемите „селебрити“ ликови на светот. Иако се обиде да игра во филмови и заплови во музичките води, таа не се пронајде во ниту една од овие кариери. Но и покрај овие неуспешни обиди, сакаше да се докаже, а нешто мораше и да работи, со оглед на фактот дека нејзиниот дедо Барон, сопственик и основач на синџирот хотели Хилтон, изјави дека по неговата смрт, 97 отсто од богатството ќе го даде за добротворни организации.
https://www.instagram.com/p/BtNFqxVhVrT/
Парис почна да заработува од реалното шоу „The Simple Life“ во кое се појавуваше со моделот и актерката Никол Ричи од 2003 до 2007. Таа објави автобиографија и тоа кога имаше само 23 години, а книгата набргу успеа да стигне до најдобро продаваните книги според „New York Times“,
Таа потоа ја доби својата прва улога во хорор филмот „The Wax House”, а потоа го издаде својот прв албум. Колку и да ви звучи сето ова бизарно и смешно, факт е дека таа за сите овие работи заработи пари. И тоа мнооогу пари.
https://www.instagram.com/p/BrTUYioHP_A/
Потоа започна свој вистински бизнис
Имено, таа лансираше линија со разни производи, од козметика, до чевли, облека, чанти, очила, облека за кучиња… Но како полн погодок се покажаа парфемите со кои направи вистинско богатство. Таа досега лансираше 24 парфеми, и секој од нив беше многу успешен.
https://www.instagram.com/p/BsOvTx4nRBh/
Нејзините производи се продаваат на интернет, но и во бројни продавници од целиот свет. Постојат вкупно 40 продавници, вклучувајќи и една во Мека.
Дополнително, таа за секој настан на кој ќе се појави, добива надоместок помеѓу 25.000 и 100.000 долари, а има вложено и во недвижен имот, а важи и за една од највлијателните инфлуенсерки така што заработува милиони и преку спонзорски договори што ги спроведува на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BsEpzzHnPlt/
НЕ мора да се грижи за својата иднина
„Сакам да бидам познат како претприемач, а не ријалити ѕвезда. Тоа едноставно не звучи добро”, изјави таа. Можеби како таква нема да ја запомнат, но тоа секако нема да го намали износот на нејзините банкарски сметки.