Како Палчо дознаел дека Вања тоа утро ќе биде сама? Испливуваат нови детали околу грозоморното убиство
Палчо само на еден начин можел да дознае кога Вања излегува од дома и дали ќе биде сама
Како што објави Телма во емисијата „Код“, Љупчо Палевски Палчо кој сега е во притвор во Турција со останатите осомничени во грабнувањето и киднапирањето на малата Вања се сретнал во раните утрински часови, неколку часа пред да го извршат злосторот што го потресе регионот.
Тие најпрво застанале да стават гориво за украдениот „цитроен“ што претходно го украле од убиениот Панче Ж. од Велес.
Тие околу 5.00 часот наутро полнеле гориво во канта на бензинска станица во близина на партиското седиште на „Десна“.
Со овој бензин подоцна ќе го запалат „цитроенот“ за да го сокријат злосторството што ќе го направат неколку часа подоцна.
Како што објави емисијата „Код“, наводно осомничените признале дека таткото на Вања му кажал на Палчо кога таа ќе излезе од дома и дека ќе биде сама. Овие информации, според исказите на осомничените, тие ги добиле од Палчо, а тој наводно ги добивал од таткото на девојчето. Таткото е во притвор и за сега го негира делото.
Фото: Фејсбук
Нивната намера била да изнудат пари од мајката која претходно имала продадено стан, па затоа решиле да ја киднапираат Вања.
Инаку станот во кој живеела Вања заедно со својата мајка и сестра се води на таткото Александар Ѓорчевски, а неговото име се уште стои на интерфонот што се наоѓа пред самиот влез на зградата. Грабнувачите успеале да влезат во зградата и да го грабнат девојчето затоа што Палчо имал клучеви од влезот, но и од подрумските простории.
Фото: Гугл мап
Таму Вања е врзана и однесена во автомобилот, од каде осомничените се упатуваат кон „Партизанска.“
И токму на ова место, пред да се вклучат на „Партизанска“ е фатен и последниот сигнал од телефонот на грабнатото девојче, така што на почетокот се мислење дека на ова место е грабната.
Осомничените потоа заедно со малата Вања која е врзана и се наоѓа во багажникот се упатуваат кон Александар Палас, а потоа кон местото каде што ќе го извршат грозоморното убиство и ќе го запалат автомобилот.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Порталикс
Тие свирепо ја убиваат Вања околу 10.00 часот, а за сега останува непознато кога таткото дознал што се случило.
Неговата точна улога во целиот настан се уште е нејасна, како и мотивот за убиството на неговата ќерка.
Фото: Фејсбук
Полицијата претпоставува дека девојчето е киднапирано заради откуп, но пари од нејзината мајка никогаш никој не побарал.