Како омилениот лик од турските сапуници се најде во центарот на сkандал, еве со што се соочува
Турските медуми повикувајќи се на добро известени извори јавија дека младата актерка Ебру Шахин, ѕвезда на серијата „Љубов на одмаздникот“, моментално е пред банкрот.
Наводно 26-годишната актерка Ебру сите пари кои ги заработила од серијата ги потрошила на излегување и облека.
https://www.instagram.com/p/CEjuCAWgLhu/
„Короната ѝ ја отежна целата ситуација зошто сите снимања се прекинати. Ебру не може да смета на тој приход и сега бара алтернативни начини за заработка. Оние кои не штеделе и кои неконтролирано ги трошеле парите едвај крпат крај со крај“, вели извор близок до актерката која неодамна ја доби наградата Златна пеперутка за одлично одиграната улога на Рејан.
https://www.instagram.com/p/CEylJSZg6U4/
Иако многумина мислеа дека Ебру од финансиската криза ќе се извлече благодарение на спонзорите од разни брендови, од тоа нема ништо. Имено, спонзорите сериозно размислуваат да го раскинат договорот со неа зошто неодамна се најде во центарот на скандалот кога во период од две недели е видена со двајца различни мажи и тоа во близок контакт.
https://www.instagram.com/p/CC8x64KAOTm/
„Прво на плажа се забавуваше со еден турски пејач, а два дена подоцна фоторепортерите ја уловија со кошаркарот Цеди Осман. Угледот и се урна преку ноќ, популарноста и е се полоша, а многумина ја прешкртнуваат од списокот на луѓе пожелни за соработка. Овој скандал последните денови е еден од најголемите во Турција, а Ебру не може да го поднесе тој притисок“, рече извор близок до актерката.
https://www.instagram.com/p/CDZR2NLgSKB/