Како ова не сме го знаеле порано: фармерките цел живот ги переме на погрешен начин – направете го ОВА и ќе ви траат 10 години!
Многу труд и време можете да потрошите додека ги најдете совршените фармерки, а потоа ќе ги уништиме со перење.
Секако, тоа не значи дека фармерките НЕ треба никогаш да ги перете, но морате да најдете начин како тие не би го смениле обликот, не би избледиле или едноставно нема да се распаднат од носење и перење во машина.
Многу домаќинки сигурно ја прават оваа грешка додека ги перат своите или фармерките на членовите на семејството, а треба да ја избегнуваат.
Имено, фармерките никогаш, ама никогаш треба да се сушат во машина. Така ќе се намалат и повеќе не ќе можете да ги носите, или ќе ви бидат претесни. Исто така НЕ смеете да ги перете и на високи температури.
Модните гуруа велат дека е најдобро да ги перете рачно, но поголем проблем настанува при сушењето или цедењето на фармерките.
Грешка која најверојатно и вие ја правите е тоа што фармерките секогаш ги стискате со раце и така го цедите вишокот вода. А најдобар трик би бил да ги положите на рамна површина, па да ги мотате како ролат и на тој начин да ги исцедите. И потоа оставете ги да се сушат вертикално – никогаш НЕ ги закачувајте и не оставајте ги да висат бидејќи така го губат оригиналниот облик.
Не заборавајте дека е важно и колку често ги переме фармерките. Валканите делови, флеките и бактериите што со тек на време се собираат во самата ткаенина ја уништуваат. Но не треба и да се перат пречесто, доволно е на секој од три до шест носења.