Како мала се чувствувала непријатно поради ушите, денес нејзиното прекрасно лице го гледаме постојано – дали ја препознавте?
Ова девојче пред неколку дена наполни 38 години.

Во прашање е една од најпознатите манекенки на светот. Дали погодувате за кого станува збор? Родена е во Ерехим, Бразил, а како мала два пати ги оперирала ушите бидејќи поради нив се чувствувала несигурно.

Да, во прашање е Алесандра Амброзио
Нејзините родители кои по потекло се од Италија биле сопственици на бензинска пумпа. Kариерата ќе ја започне на 12 години кога ќе тргне на часови по манекенство, а на 14 веќе се пласирала меѓу најдобрите модели од Бразил.
https://www.instagram.com/p/BwIecRAAGOg/
На почетокот од кариерата доби пофалба од Тајра Бенкс, а најголемиот успех ќе го постигне како ангел на Викторијас Сикрет. Таа е дел од оваа екипа до 2017 и беше првиот модел за нивната позната линија „Пинк“.

Со калифорнискиот бизнисмен Џејми Мазур беше во врска 10 години и со него ги доби ќерката Ања Луис Амброзио Мазур и синот Ноу Феникс. Денес е во љубов со новото момче, Италијанецот Николо Оди.

За неа можете да прочитате и дека во реалноста не изгледа баш како „топ модел“, иако важи за една од најуспешните манекенки во историјата.
https://www.instagram.com/p/BvfSDw2A1FA/
Од мода не се откажува се уште, а понудите и денес и пристигаат од сите страни…
https://www.instagram.com/p/Bv4oYANg9R8/



