Реклама
Холивуд

Како и многу други познати трендсетерки и Меган Маркл не успеа да му одолее на овој тренд

Реклама

Омилениот бренд на новопечената принцеза

Пред неколку дена се појави во својата прва соло варијанта, без принцот Хари, на еден настан заедно со кралицата Елизабета II, која на овој начин покажа дека е во добри односи со новиот член во кралското семејството.

Маркетинг

Но по овој настан, Меган можевме да ја видиме повторно, овој пат на настанот „Royal Ascot“ на кој кралското семејство традиционално присуствуваше, задно со многу други членови со кралски корени кои уживаат во трките со коњи. Меган секако беше во центарот на вниманието, а модните магазини веднаш ги објавија своите приказни за фустанот–кошула од Живенжи, француската модна куќа која полека но сигурно станува една омилените на принцезата.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BkNVss5hR_p/?utm_source=ig_embed

 

 

Закопчан речиси до грло фустанот е со долги ракави и се истакнува со дискретни бели везени детали во пределот на стомакот, со цик-цак порабено здолниште, а целото издание го запечати со совршена шминка со која изгледаше привлечно, младолико и одморено,

Меган и откако стана принцеза и остана верна на белата боја. На фотографијата со која таа и принцот Хари објавија дека се венчани носеше бел капут, а и пред венчавката ја носеше и изгледаше шик во својата омилена боја.

 

Поврзано

Back to top button