Како изгледа тестирањето од коронавирусот и зошто толку многу се чека за резултати? Еве што велат експертите
Прво, се зема брис од носот и грлото на пациентот.
Стапчето се пакува и се носи во лабораторија. Некои големи болници имаат лаборатории, но во повеќето случаи примероците се испраќаат до други лаборатории. Примерокот може да биде валиден за рок од 24 часа, но може да потрае подолго во зависност од оддалеченоста од болницата до лабораторијата.
Кога примерокот пристигнува во лабораторија, лабораторискиот техничар ја вади РНК на вирусот.
– Овој чекор е ограничувачки затоа што само повеќето опремени лаборатории имаат автоматски процес на вадење на РНК вируси, вели Кејти Клапериќ од универзитетот Бостон.
Откако е извлечена РНК, техничарите внимателно мешаат специјални хемикалии со секој примерок и потоа ги анализираат.
Во повеќето случаи, потребни се околу шест часа, според Кели Вроблевски, директор на Програмата за заразни болести во Здружението на лаборатории за јавно здравје на Америка.
Некои лаборатории имаат повеќе техничари и машини, за да можат да направат повеќе тестови.
По бавниот почеток со тестирањето на вирусот ширум светот, сега кога повеќето земји добија резерви, повеќе луѓе започнаа со тестирање. Неколку видови тестови се достапни, а во САД, ФДА одобрува практично секој ден се повеќе и повеќе видови тестови. Сепак, во Америка, како и во повеќето земји, пациентите се жалат дека за резултатите од тестот чекаат долго време. Понекогаш се само часови, но понекогаш денови. Дури и американскиот сенатор Ранд Пол чекаше шест дена за резултатите.