Ела Дворник (28) неодамна на својот профил на Инстаграм сподели дека е во блажена состојба, а сега се пофали како изгледа нејзиниот нов дом.
Познатата блогерка и инфлуенсерка во неколку наврати досега отворено зборуваше дека е презафатена поради селидбата, а сега нејзините обожаватели можат да видат и како изгледа нејзиното ново „гнездо“.
Имено, за неа и за нејзиниот сопруг Чарлс Пирс (41), како и за ќеркичката Бејли Ди сега им потребен е поголем простор, посебно заради приновата која со нетрпение ја очекуваат, па решија да се преселат на нова локација.
Големи прозори и дворно место за уживање, како и просторен и светол дневен престој украсен со перници за седење се само дел од новото место кое на Ела очигледно многу и се допадна, па реши да се пофали со него на Инстаграм.
Инаку ќерката на Дино Дворник важи за една од најпознатите инфлуенсерки во Хрватска. Таа неодамна заедно со својот сопруг на нејзиниот профил на Инстаграм споделија симпатично видео со кое открија дека очекуваат принова во семејството.
Во видеото најпрво идниот татко дува балон, а потоа Ела го вдишува воздухот од балонот и го покажува трудничкиот стомак, а на крајот од преслаткото видео им се придружува и нивната ќеркичка Бејли.