Реклама
Вирално

Како изгледа животна борба против короната: Мислите дека ви е лошо, а не ви е, допрва доаѓа уште полошо

Реклама

Дарије Петковиќ е 46 -годишен Хрват кој никогаш не бил сериозно болен и не спаѓал во ризичната група. Сепак, преживеал тешка ковид инфекција. Короната веднаш не му била дијагностицирана, а на крајот завршил во болница и се борел за живот.

Како професионален фотограф, се низ што поминал го бележил со фотоапарат. Одлучил и на новинарите на ХТВ да им ги сподели своите фотографии со една причина: никој повеќе да не вели дека не постои коронавирус.

Маркетинг

„Луѓето често велат дека тоа е обичен грип. Јас сум имал грип повеќе пати и може да ви кажам дека грипот е мало бебе споредено со ова и со оглед на симптомите и според тоа што подоцна може да предизвика, а тоа се срцеви удари, мозочни и слично. Компарацијата со грипот никако не е добра.

Маркетинг

Некаде пред крајот на 6. месец почувствував некои трпки по телото, низ ‘рбетот и некоја општа слабост. Кога измерив температура имав 37,3. Гледав дека не ми е подобро. Бев сам. Ќерките ми беа кај бабата, а сопругата на пат. Бев дома недела дена сам. Имав цело време висока температура, не можев да јадам. Контактирав со докторката и таа ми даде упат за тестирање.

Тестот беше негативен, но бидејќи ми беше многу лошо ми направија и снимка на белите дробови на која се виде дека имам двојно воспаление. Со оглед на тоа дека мислеа дека немам корона, ме испратија дома и ми дадоа сумамед. За среќа, имав висока температура и не можев да се движам меѓу луѓе и бев сам дома. Да не беше така, можев да заразам голем број луѓе, зошто нели, ми рекоа дека немам корона. Ми стануваше се полошо. Во мешувреме се врати сопругата од службеното патување и ми рече да одиме повторно во болница зошто не ми беше добро.

Дојдов по втор пат во болницата и новиот тест беше позитивен. Веднаш ме ставија на кислородна поддршка преку маска и така почна моето лекување кое траеше 26 дена.
Мислите дека сте лошо, а всушност уште не ви е лошо. Така ќе ви стане за неколку дена. Во крајната фаза дојдов до тоа да не можам да направам три чекори. Не можете ниту да зборувате и ја губите сета енергија, како некој да ви ја исцицал.

За да отидам до тоалет или до лавабото, ми требаше да ја соберам сета сила и тоа знаше да трае и по еден час. И мислам дали навистина морам да одам. Едвај одите до лавабото зошто сте целосно исцрпени искршени.

Болничкото лекување беше различно во овие две етапи: кога бев на одделението 5 и на одделот за интензивна нега.

На одделението 5 лекувањето е такво што персоналот многу професионални и квалитетно во просторот за лекување доаѓа по пет-шест пати дневно, го вршат тоа што треба и излегуваат надвор. Немате контакт со медицинскиот персонал како што инаку имате.

Лекарите ви се јавуваат по телефон, вие се пријавувате по телефон, значи низ технолошка база се избегнува контакт. Го добивате она што ви треба, храна, лекови и тоа е тоа. Вие сте всушност сам во соба.

Бидејќи состојбата ми се влоши и повеќе не можев ништо, ме однесоа да ми ги сликаат белите дробови. Тоа се прави така што стоите и со рацете го гушкате тој уред. И тогаш болничарот ми вели да се поместам малку лево, а јас бев во толку лоша состојба што не можев тоа да го направам туку падна на под.

Ме видоа дека не сум добро па ме префрлија на интензивна нега каде лекувањето е поинакво и каде постојано се присутни медицински сестри и техничари. Јас лежев во кревет и додека бев таму не се помрднав. Ве бањаат во кревет, ви носат храна, таму бев поставен и нема мрдање. Повеќето луѓе остануваат околу 7 дена, а јас останав речиси три пати подолго зошто имав потешка форма на болеста. Ми се сменија повеќе цимери.

Пред кризниот штаб да донесе правило за носење маски, јас веќе тргнав со морама која ја носев зошто некогаш знам да се закашлам и кивам од алергија и не сакам другите да се чувствуваме нелагодно. Подоцна воопшто не се возев со трамвај и главно одев пешки. Без разлика што максимално се придржував кон мерките и што внимавав, дојдов на Академијата за драмски уметности каде што предавам и тој ден се заразив. Не знам каде и на кој начин. Но по подоцнежната анализа на епидемиологот, тоа беше тој ден.

За среќа никого не заразив од членовите на своето семејство, ниту од колегите, студентите и луѓето со кои се дружам. Од таа страна бев некој кој добил болест и не ја пренел понатаму. Тоа ми беше олеснителна околност зошто цело време си мислев: Што ако заразам некого? Тоа беше еден дополнителен товар за секој. Не сте свесни дека сте заразни и оној момент кога тестот ми беше негативен, можев да одам и да заразам некого.

Се уште точно не знаеме што може короната да му направи на нашиот организам и каков ќе биде конечниот исход. Она што забележав е значително губење на косата. Се уште не сум во форма каква што бев претходно. Очигледно ќе помине уште време пред да ми се врати капацитетот на белите дробови. Ми најавија дека опоравувањето ќе трае подолго.

Што се однесува до луѓето кои не веруваат и кои мислат дека се е тоа без врска, тоа е една од причините поради која се согласив да ја споделам мојата приказна преку медиумите и малку да ги освестам сите.

Значи, јас не сум поборник на ниту една политичка или некаква друга опција, јас сум некој кој директно преживеа 26 денови во болница и 35 денови боледување. Важно е за тоа да разговараме и да се освестиме дека тоа е болест која кај одреден број луѓе може да биде многу опасна. Јас сум за тоа да се носат маски. Ако помогнат да се намалат само 10 отсто од случаите – одлично е, раскажува Петковиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button