Како изгледа Антониа Гиговска без грам шминка? НОВОПЕЧЕНАТА МАМА го откри вистинското лице
Никогаш не изгледала поубаво

Прекрасна млада мама
Познатата македонска пејачка Антониа Гиговска еден месец по породувањето потполно им се врати на социјалните мрежи.
Таа сега објавува фотографии и видеа речиси како и пред бременоста, а со својата последна објава ги израдува сите.
Имено, пејачката објави селфи на својот профил на Инстаграм на кое е без грам шминка, а со нејзиниот природен шарм и оној блесок што го имаат само жените кои тукушто се оствариле во најважната улога во животот, никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Впрочем така беше и пред неколку дена, кога пејачката објави неколку снимки од една свадбена веселба и повторно ги воодушеви фановите.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Облечена во тесен фустан таа блескаше од глава до пети, а многумина веднаш забележаа дека изгледа подобро од кога било досега.
Гиговска за оваа посебна пригода избра златен „плетен“ фустан со кој во преден план ја истана својата занесна линија, а целото издание го зачини со преубава шминка и коса врзана во коњско опавче.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Како изгледаше новопечената мама и во ова свое фатално издание, погледнете во продолжение…