Наши ѕвезди

Како изгледаше ќерката на Кили како невеста и зошто нема да го земе презимето на својот сопруг од Еквадор (фото)

Advertisement

Ќерката на нашиот познат актер Кирил Поп Христов, Јоана, се омажи во Еквадор.

Фото: Фејсбук/ Гордана Деан Попхристова

Јоана е ќерка на Кирил Поп Христов и кореографката и професорка по современ танц, Гордана Деан Поп Христова. Таа се омажи со момче од Еквадор, а како што пренесуваат некои од македонските медиуми, Јоана и нејзиниот сопруг наскоро ќе се остварат и во улога на родители.

Advertisement
Фото: Фејсбук/ Гордана Деан Попхристова

Откако Кирил и Гoрдана соопштија на социјалните мрежи дека нивната ќерка се мажи, нејзината мајка напиша и интересен коментар поврзан со традицијата во оваа земја каде што сите заедно се преселија пред неколку години.

Фото: Фејсбук/ Гордана Деан Попхристова

„Другари во Латинска Америка жената не го зема презимето на мажот и кога прашавме за тоа, женскиот дел од фамилијата беше згрозен – како тоа на мажот презимето, па тој не ме поседува, јас не сакам да менувам презиме од моите родители. Децата имаат 4 имиња, две имиња и две презимиња. Едното име го бира мајката, другото таткото, а презимињата се и од двајцата родители“, напиша сопругата на Кили.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button