Реклама
Наши ѕвезди

Како изгледал Игор како бебе, но и како „цицалче“ – ги изненди сите, ова е посебен ден за него (фото)

На познатиот актер денес му е роденден

Реклама

Нека му е среќен роденденот на Игор Џамбазов

Познатиот македонски актер, писател и музичар е роден во Скопје, на 15 јули 1963 година, во семејството на композиторот Александар Џамбазов и актерката Анче Џамбазова, а како внук на Петре Прличко.

Игор денес го слави својот 61 роденден, а по тој повод напиша интересна порака на својот профил на Инстаграм.

Маркетинг

„На денешен ден, пред точно 61 година мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол баш премногу околу тоа, ама татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена“.

Маркетинг
Инстаграм/ Игор Џамбазов

„Другото е историја…и по малку театар и музика“ напиша Игор, а бројни честитки доби од своите пријатели и обожаватели.

Потсетуваме, Игор Џамбазов е еден од најдобрите македонски актери, но познат е и како писател и музичар.

Тој својата актерска кариера ја започнува многу млад, кога имал само шест години, во култниот „Македонскиот дел од пеколот“.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Игор како бебе

Инаку, истата година кога е роден Игор, односно само 11 дена по неговото доаѓање на овој свет, се случува големиот земјотрес во Скопје.

Игор во една пригода ќе објави стара фотографија, на која е уште како бебе, а татко му го држи во рацете.

„Само што сум дошол на овој свет, со мама од болница сме се вратиле дома, а тато не можел да ми се изнарадува. Поминале точно 11 дена…и тогаш, земјата се отворила, како да сакала да не проголта. Земјотресот и јас сме врсници…“, напиша Игор во описот на фотографијата што тогаш ја објави на Инстаграм.

Принтскрин

Игор како дете

По филмот Македонскиот дел од пеколот, во кој Игор играл кога имал само шест години, на 12 годишна возраст се појавува во улогата на Трајче ви филмот кој се базира на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играше главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Игор во една пригода ќе објави фотографија од овие години, односно кога имал само 13 години, а под која ќе напише:

„1976…пред хотел ‘Бистра’.. глеј ме цицалче… тогаш бев хипик во обид…денес сум малку хипик, малку обид.“

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Игор Џамбазов денес

Инаку Игор покрај својата плодна актерска кариера 30 години е присутен и на нашата музичка сцена.

Тој минатата година заедно Гуру Харе прославија три децении на музичката сцена, а во една пригода Игор за овој нивен проект за Гламур магазин ќе изјави:

„Ние сме акционерско друштво со 50-50 проценти во сите сегменти. Нема шеф, директор, подреден, надреден. Нема кавги, суети. Не се сеќавам дека за 30 години сме повисшле глас еден на друг. Дури ни во најкреативните моменти“.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

А јас како позната и призната инфлуенсерка сум Пи-Ар…хехехе…функционираме одлично. И немаме намера да престанеме…а и уживаме во сето ова. Се уште. Харе и јас пред едно 20 години воведовме и една институција во нашата дружба која ја нарековме „самосебезавидување“. Значи, си завидуваме самите себе си колку ни е добро…

За целото интервју со Игор потсетете се тука...

Жената што го родила Игор

Принтскрин/ Јутјуб

Анче Џамбазова

Инстаграм/ Игор Џамбазов

Мајката на Игор со својот татко Петре Прличко

Принтскрин/ Јутјуб

Принтскрин/ Јутјуб

Принтскрин/ Јутјуб

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button