Реклама
Наши ѕвезди

Како изгледала Агнеса порано и дали има правено естетски корекции – ќе се изненадите од овие фотографии

Еве како изгледала Агнеса на почетокот од својата кариера

Реклама

Агнеса Органџиева е една од нашите најпознати дами на социјалните мрежи која со секоја своја објава предизвикува внимание.

Таа само на Инстаграм има преку 100.000 фанови со кои што речиси секојдневно комуницира преку своите бројни објави.

Важи за згодна дама која никогаш не греши кога е модата и стилот во прашање, а нејзините модни комбинации што ги објавува на социјалните мрежи им преставуваат инспирација на многу жени. Карактеристично за неа е што изгледа гламурозно што и да облече, без разлика дали носи брендирана облека или „но-нејм“ парчиња во кои секогаш знае да блесне и да ги изрекламира на вистинскиот начин.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

„Не е битно дали си облечен во скапо парче, битно е тоа што го носиш да знаеш да го носиш. Јас секогаш тргнувам од едно правило: ,,како што се чувствуваш, така и те гледаат’’, изјави Органџиева во една пригода за својот моден стил за Гламур магазин.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Нејзиниот живот во последните неколку години речиси секојдневно се одвива пред камерите, но денес малкумина се сеќаваат на нејзините почетоци, кога оваа русокоса дама се уште не беше толку позната, но и кога изгледаше многу поразлично.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Имено, трансформацијата што таа ја направи со својот изглед од пред неколку години и сега никого не остава рамнодушен. Тоа може да се забележи и од нејзините први фотографии на социјалните мрежи на кои изгледа речиси непрепознатливо.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Но како што вели самата Агнеса, таа нема направено ниту една естетска корекција, а за нејзиниот изглед виновни се гените.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

И нејзината мајка изгледа многу помладо за свои години, па Агнеса не крие дека својот шарм го наследила од неа.

Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева

Агнеса пред 10 и кусур години

Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева

Инаку, Агнеса пред неколку години имаше бурен развод од поранешниот сопруг и сега живее сама со своите две ќерки, а во една пригода за тоа дали размислува повторно да застане на лудиот камен и дали размислува на брак како институција, за Гламур магазин изјави:

Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева

Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева

„Зошто да не, би сакала, нормално. Сепак, за мене тоа е лист хартија и не ми е мерило за такво нешто, и другите треба да го разберат тоа. Тоа е само еден потпис што го користиме секој ден на работа“ изјави тогаш искрено Агнеса.

Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева

Целото интервју со Агнеса прочитајте го тука

Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева

Погледнете уште неколку постари фотографии на Агнеса…

Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева

Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button