Како е подобро: Вакцинирање со инхалирање или со боцкање, што велат експертите за овие две методи на кои се работи сега
Британските експерти ќе тестираат дали подобар ефект на заштита од коронавирус ќе се постигне ако вакцината се зема низ уста, а не со вакцинирање, додека дел од експертите сметаат дека целта на ова истражување е вирусот да се запре на самиот влез на инфекцијата.
Вакцината против коронавирус, која светот со нетрпение ја исчекува, можеби нема да се дава само како вакцина, туку и ќе се инхалира, најавуваат британските експерти, кои најавија дека ќе тестираат две водечки вакцини против корона на пациенти за да видат дали имаат подобар ефект ако се вдишат.
Експертите во Србија не ја исклучуваат оваа можност и велат дека целта на таквата вакцина е да се подобри локалниот имунитет и вирусот да се запре на самиот влез на инфекцијата.
Учесниците на овие студии, како што пишува британски Индипендент, ќе бидат вакцинирани така што ќе вдишат низ уста, а со тестовите ќе бидат опфатени вакцините од кралскиот колеџ во Лондон и Универзитетот Оксфорд.
Воздушен пат
– Се надеваме дека со директно таргетирање на клетките во воздушните патишта – вообичаено место на инфекции за респритаротните вируси – ќе индуцираме подобар имунолошки одговор на телото против САРС-КоВ-2 вирусот, се истакнува во соопштението на британскиот Медицински истражувачки совет.
Д-р Крис Чију од одделението за инфективни болести при Кралискиот колеџ, кој го предводи испитувањето, вели дека постојат докази дека вакцините против грип во форма на назален спреј, покажале дека ги штитат луѓето од инфекции и превентивното ширење на болестите, а тој и неговите колеги сакаат да истражат дали короната може да се спречи.
– Моментално пандемијата ја предизвикува респираторен вирус кој примарно инфицира луѓе преку клетките на ѕидовите на носот. Тие површини се специјализирани да произведат поинакви имунолошки одговори, па е клучно да истражиме дали со директно таргетирање на ќелиите можеме да произведеме уште подобар ефект, објаснува Чију.
Познатата професорка и вирулог Ана Глигиќ вели дека тоа секако е најприроден пат, зошто респираторните вируси така и се внесуваат.
– Вакцините се направени на носач, аденовирус, во кој е вградено парче од короната. Избран е токму оној дел кој ќе провоцира создавање на антитела. Најважна работа е да се натера тој аденовирус да се размножува и да го бомбардира имуносистемот за да реагира и да создава антитела. Доколку вакцината се даде во рака, не мора да значи дека аденовирусот би се размножил на соодветен начин. Секако дека ќе се создадат антитела, но можеби нема да го имаат тој ефект на долготрајност кој би го имале со инхалирање, нагласува д-р Глигиќ.
Таа додава дека ваквиот начин на примена не би ја сменил структурата на вакцината, туку само разредувачот, и сите вакцини кои се развиваат во овој момент, доколку се процени дека тоа е најдобар начин, би можеле и така да се применуваат.
Локален имунитет
Пулмологот, примариус д-р Татјана Радосављевиќ, вели дека постојат некои вакцини кои се применуваат со инхалирање, но не се користат на овие простори.
– Секој орган, па и белите дробови и горните дишни патишта, имаат можност да произведат т.н. локален имунитет. Целта на овие вакцини веројатно е токму тој имунитет да се подобри и да се обидеме на го уништиме на самиот влез. Можно е на овој начин да се сака да се спречи шетното дејство на вакцината на другите органи, објаснува д-р Радосављевиќ и додава дека останува да се види дали научниците тоа ќе го докажат.