Реклама
LIFESTYLEВирално

Како деца немавме мобилни, но затоа ги имавме овие игри

Реклама

Најверојатно сте забележале дека, и покрај најновите технологии и најразлични играчки, децата секогаш имаат најмногу забава со помош на „прачки и конец”.

Од друга страна, ние живееме во време кога децата се постојано залепени до екранот на телефонот или таблетот, или пак пред телевизорите, па затоа понекогаш е вистинска борба за да ги извадите од таму. Токму поради тоа треба да се запаметат старите добри игри кои беа извор на социјализација и релаксација за многу генерации.

Маркетинг

Жмурка (криенка)

Тој кој „жмури“ е со затворени очи, честопати потпрен на дрво или на ѕид од зграда и брои гласно до 100 (или помалку). Останатите мора за тоа време да се скријат некаде во границите на дозволениот простор во кој се одвива играта. По завршувањето на броењето, оваа личност почнува да ги бара останатите. Победник е оној кој ќе го „освои“ основното место (најчесто мора да се допре или да се каже „пу“) од каде што почнала играта.

Џамлии

Џамлиите беа опсесија на машките и со оваа игра тие забораваа и на време и на место. Целта е дупка во земја која се правеше со концентрични движења на ѓонот од патики или чевли.

Маркетинг

Ластик

За оваа игра потребни се најмалку тројца (во прашање е игра која најмногу ја играат девојчиња). Двајца го држат растегнат ластикот, а третиот започнува игра со скокање и броење.Почнува од број еден и оди до бројот десет, каде што секој број претставува стандарден метод што треба да го прескокнете. Кога сите ги пренесуваат броевите правилно, задржувањето се крева до висина на колената, а потоа одново. Потоа ластикот се дига околу половината, и на крајот доаѓа до вратот ако играчите успеат да ги преминат претходните нивоа (играта е одлична за раздвижување на децата).

Плочка

Се цртаат квадрати, каде што се напишани броеви од 1 до 8, но самиот распоред ги предизвикува играчите да играат, потскокнуваат и ги ставаат нозете каде што се изнапишани броевите. И најважно во целата игра е да се најде убава плочка, која се турка од број во број.

Шуга

Играта секогаш се игра на отворено, во голем парк со многу дрвја. Играта е добра и затоа што децата постојано трчаат, така што се  уморуваат на здрав начин.

Еден играч кој има “шуга”, треба да удри друг, и да каже шуга па пота тој трча и бара нова жртва.

Сакате ли војна?

Се делите на двата тима се поставени едни спроти други, така што оние од ист тим се еден до друг и се држат за рака. Првиот тим вели: „Сакате ли војна?“ На тоа вториот тим враќа: „Сакаме!“ Тогаш првиот тим прашува: „Од кого?“ И вториот тим избира една личност од припадниците на спротивниот тим. Тогаш таа личност мора да се затрча накај нив и да се обиде да го „скрши“ ѕидот така што ќе помине помеѓу двајца играчи без да биде задржана. Доколку го пробие ѕидот одбира еден играч од тој тим кој ќе го однесе во својот тим. Но, доколку биде задржан останува на местото каде што не успеал да се пробие. Победник е оној тим кој ќе успее да ги собере сите играчи кај себе.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button