„Како дете, му се молев на Бога да добијам велосипед. Тогаш сфатив дека Бог поинаку функционира“
Алфредо Џејмс Пачино познат како Ал Пачино е американски актер, режисер и сценарист.
Најпознат е по гангстерските улоги поради кои доби голем број признанија, меѓу кои и „Оскар“. Неговото животно и актерско искуство е огромно, па затоа денес издвојуваме дел од неговите мисли:
– Никогаш не правдај се никому, ниту објаснувај. Секој ќе разбере како што му одговара!
– Како дете го молев Бога за велосипед. Тогаш сфатив дека Бог функционира на друг начин. Украдов велосипед и почнав да го молам Бог да ми го прости гревот.
– Првото правило е: никогаш не откажувај се. Второто правило е: секогаш сети се на првото правило!
– Лесно е да се залаже окото, но најтешко е да се залаже срцето.
– Вистината е дека мене тешко човек може да ме разбере. Мораш да живееш со мене 50 години за да сфатиш за што зборувам.
-Верноста и добриот глас не можат да се купат за ниту едни пари на овој свет.
-Раните кои блиските луѓе ги оставаат не може да ги излечи никој.Тие знаеле каде да удрат.
-Како дете, му се молев на Бога да добијам велосипед. Тогаш сфатив дека Бог поинаку функционира. Украдов велосипед и почнав да се молам да ми ги прости гревовите.