КАКО ДЕТЕ КОПАЛА НИВА ЗА ДА ЗАРАБОТИ ЗА ЈАДЕЊЕ – фолкерката денес живее како кралица (фото)
Сопругата на Саша Поповиќ денес живее на висока нога, а некогаш била гладна
Пејачката Сузана Јовановиќ не го крие минатото
Сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, е една од ретките ѕвезди кои секогаш отворено зборуваат за своето минато.
Таа никогаш не го криела своето минато и дека пред да почне да се занимава со музика живеела многу сиромашно.
Таа денес на своите сметки има милиони, но како мала понекогаш морала и да работи за да има пари за џепарлак.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Но како што самата вели, тоа ја формирало како личност, така што денес не им робува на парите и не гледа се низ нивна призма.
Како мала често брала јаболка и цреши за дневница, а со родителите работела на нивните и облека купувала од пазар.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Подоцна, кога малку пораснала, почнала да пее и да заработува како за себе, така и за целото семејство.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Но токму тешкото и сиромашно детство ја научило да биде скромна и таа оваа своја врлина ја негува и денес.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Пред да го запознае својот сегашен сопруг, со својот син живеела во еднособен стан и одвај заработувала да го помине месецот.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Пејачката денес живее во голем луксуз и тешкиот финансиски период и останал само во сеќавање.
Поповиќ го прифатил нејзиниот син од првиот брак како свое дете и никогаш не правила разлика меѓу него и нивната ќерка Александра.
И нивните деца се скромни
Тие денес и двајцата се возрасни и скромни личности, иако имаат пари да живеат на висока нога како во бајките.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Нивниот татко милионите што ги заработи со продажбата на „Гранд“ каде беше еден од основачите, ги вложи во градежништво.
Како што пренесуваат медиумите, и овој бизнис на Поповиќ исто така му носи големи приходи, а во еден од комплексите со луксузни станови што ги продава се наоѓаат и апартманите наменети за неговите деца – Александра и синот на неговата сопруга Сузана, Даниел, што од првиот ден го прифати како свое дете.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
На Даниел и неговата сопруга Тијана им подари поголем стан во елитната населба, а слична недвижнина има и Александра.
Како што самиот Поповиќ во една пригода откри, нивните деца се скромни и не барале ништо од нив, но заедно со сопругата решиле да им купат станови, локали и гаражни места со што целосно ги обезбедиле. Најважно им било да бидат во близина, да можат почесто да ги посетуваат кога ќе бидат стари.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Потсетуваме, децата на Поповиќ не се занимаваат со јавна работа, но се во семејниот бизнис.
Даниел работеше како тон мајстор во Гранд продукција, а Александра се занимаваше со шминкање што е нејзина желба.