Како да се сестри – убавата македонска водителка покажа како изгледа нејзината мајка, фановите изненадени од преголемата сличност!
Убавата водителка и инфлуенсерка покажа од кого ја наследила убавината.
Шармантна, талентирана и позитивна секојдневно ја гледаме на малите екрани, а покрај тоа и на социјалните мрежи каде е доста актива.
Со мотивациски пораки, патувања, книги и интересни и модерни стајлинзи Јелена Спенџарска секојдневно успева да го задржи вниманието на своите фанови.
Јелена Спенџарска важи за една од најпознатите и најатрактивните македонски водителки, која и те како води сметка за својот изглед. Таа е една од оние што му немаат потклекнато на трендот на естетски зафати, па и понатаму го негува својот природен изглед.
Повеќе од очигледно е дека добрите гени си го направиле своето.
Имено Јелен на Инстаграм сподели неколку фотографии и покажа од кого ја има наследено убавината.
Убавата водителка и го честиташе роденденот на својата мајка и покажа колку си личат.
Облечена во црвени тренерки, мајката на Спенџарска изгледа неверојатно младешки и тие изгледаат дури како сестри.
Сепак она што во последно време паѓа во очи е дека Јелена Спенџарска изгледа поубаво од кога било, а нејзиниот стајлинг беспрекорен.
Таа речиси секој ден споделува што носи, а комбинациите кои ги избира се која од која поубави.
Инаку, Јелена важи за голем поддржувач на природниот изглед, па неретко преку социјалните мрежи на им порачува на жените да се сакаат онакви какви што се.
„Медиумите секој ден креираат некоја илузија за тоа како треба да изгледа женското тело и ние се фрливме на диети, гладувања теретани, приватни инструктори, пребарувања по нет кое е тоа магично апче што ќе нè направи да изгледаме како девојките од списанијата.
Тоа треба да го направиме за СЕБЕ, а не да им се допаднеме на другите. Затоа и ја прифатив понудата да бидам дел од кампањата на #mysfswimbody, да се охрабрам да облечам костим за капење без да си најдам триста недостатоци, да се погледнам во огледало и да си речам WOW!“ напиша Јелена во една пригода и додаде:
„Не се залажувајте дека јас сум слаба, па мене се ми стои, за какви недостатоци зборувам?! Искрено, посакувам подолги нозе, топ за*ник, топ дефинирани стомачни … листата е долга! Ама па … од друга страна … јас сум ова! Каква сум-таква сум! И прекрасна сум си“ пишува таа.
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/ Јелена Спенџарска