Реклама
FashionМодни совети

Како да се облечеш за интервју ако сакаш да ја добиеш работата – генијален совет на Ана Винтур

Реклама

Многу е важно да оставите добар впечаток на првото интервју и во овој случај, облеката може да ни помогне, или одмогне.

Без разлика во која дејност барате работа, непишано правило кое датира од античко време е дека облеката остава добар впечаток.

Маркетинг

Ана дефинитивно знае како да се облече за да ги импресионира другите, и тоа е една од причините што таа со години е главен уредник на модната Библија, Вог.

„Луѓето кои доаѓаат на интервју, понекогаш ми се чини дека носат облека што ја купиле утрото или ноќта пред разговорот, а не нешто што лично им одговара и оди со нивната личност “, вели таа во нејзиното интервју.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BuZxhoogLtH/

 

Таа додаде дека сите, без оглед на тоа дали се појавуваат на интервју за работа во Вог или на друго место, треба да знаат дека нивната гардероба и облека нема да биде ангажирана и да ја извршува работата на нивно место.

Таа се сети на едно младо момче кое дошло на интервју облечен во фустан и во раката држел чанта.

https://www.instagram.com/p/Br5jvvwgtCJ/

 

„Јас веднаш го ангажирав. Треба да се облекуваат онака какви што се. Тоа е исто за секоја работа за која се пријавувате и не правите добро ако се преправате и носите нешто што не е ваш стил или не ви личи “, додаде таа.

Експертот за мода го сподели своето мислење за хеланките и напомена дека е најдобро кога ги носите во црна боја.

https://www.instagram.com/p/BtF-XrrAAQr/

 

Имаше многу интересен коментар за семејството Кардашијан.

„За восхит е како успеале да ја изградат својата империја благодарение на нивните личности и креативниот гениј на нивната мајка. Ким, според мое мислење, најмногу се промени. Се восхиувам на она што стана “, рече Ана.

Таа ја пофали Кендал Џенер за успехот кој сама го постигнала во модниот свет и ја спореди со модната икона на 90-тите – Линда Евангелиста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button