Како да привлечете многу пари: Овие предмети мора да ги имате во паричникот!
Предуслов е да верувате дека желбата ќе ви се исполни...
Ако верувате во моќта на привлекување, можете да пробате одредени предмети и мали ритуали за кои се верува дека привлекуваат пари во вашиот дом.
Според старите верувања, ловоровиот лист е еден вид талисман или амајлија, а се верувало дека ако го носите во паричникот или го ставите под чергата на вашиот праг, ќе привлечете богатство и пари.
Исто така, постои верување дека горењето на ловоров лист е средство за чистење на енергијата во домот, како и за одредување дали има позитивна или негативна енергија присутна во домот.
Друг стар ритуал е пишувањето желба на ловоров лист. Се верувало дека за време на млада или полна месечина, на ловоров лист се пишува желба, а потоа тој лист се фрла во оган да изгори.
Мора силно да верувате дека желбата ќе ви се исполни пишува Sensa.
Фенг шуи, древната кинеска техника за украсување на домот и привлекување позитивна енергија, може да се примени и на паричникот. Се верува дека ако носите сметки, искористени картички, стуткани пари и непотребни работи во нив, тогаш привлекувате лоша енергија и неповолна финансиска состојба, пишува Lovesensa.
Од друга страна, има и предмети кои е пожелно постојано да се носат во паричникот, бидејќи се верува дека шират позитивна енергија и привлекуваат пари.
Веројатно сте виделе фенг шуи фигура на жаба која седи на монети, за која се верува дека привлекува пари, или можеби имате таква во вашиот дом. Во домот се чува најчесто на влезот или на работната маса, а според фенг шуи правилата, овој фенг шуи магнет можете да го ставите и во вашиот паричник.
Ова не значи дека треба да носите фигура од жаба во вашиот паричник или чанта, но се верува дека слика од фенг шуи жаба што ќе ја чувате во паричникот може да привлекува пари.
Можете исто така да добиете монети од фенг шуи за кои се верува дека имаат моќ да привлечат позитивна енергија.