Како да носиме „џинс со џинс“ и да изгледаме женствено
Една од најдобрите комбинации џинс со џинс за оваа сезона
Комбинациите „џинс со џинс“ НЕ се баш лесни за носење, но во последните неколку сезони се повеќе од добредојдени. Тоа очигледно и е јасно и на прекрасната Сиена Милер која деновиве ни покажа максимално женствена комбинација со овој не така едноставен тренд на улиците во Њујорк. Имено, актерката се прошета во комбинација инспирирана од 80-тите, но „подигната“ со нејзиниот посебен шарм.

Имено, убавата русокоса криејќи го погледот зад очилата за сонце од „Zac Posen“ носеше тренди фармерки со штеп по средината и лелеава памучно-ленана кошула со светло сина нијанса што ја носеше врзана на половината. Таа целото издание го заокружи со мантил од малку потенок џинс со нагласени ракави и раменици, како и со розовите сандали и впечатливата „оверсајз“ чанта од „Frame“ од која актерката не се одделува во последно време.



