Познатата дизајнерка има беспрекорен стил
Викторија Бекам важи за една од најпознатите модни икони во целиот свет, а оваа летна сезона токму таа ни е главна инспирација како да носиме карирани дезени.
Иако станува збор за тренд резервиран само за зимските денови, а Викторија храбро го вклучи во своите летни колекции и стана нивна најдобра амбасадорка.
Таа неодамна во карирани панталони и бела маица се прошета во Њујорк каде носеше и карирано здолниште во комбинација со ролка додека за преку топлите летни денови можете да го носите во поопуштени варијанти.
Посебно добро изгледаат и еднобојните костими со кариран дезен во светло розова или сина нијанса какви има и во колекцијата на Викторија Бекам, а во кои познатата дизајнерка изгледа прекрасно.